Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост – Велес / Дамјаноски, Гогол
27.06.2018 • Студентски проекти
Година: 2018
Семестар: VIII
Проектна задача: Проектирање на општествени згради - Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост
Предмет: Архитектонско студио 8/2
Автори: Борис Дамјаноски и Милка Гогол
Педагошки тим: вон. проф. д-р. Михајло Зиноски | соработници: м-р Маја Даскаловска, дем. Александар Ѓоргиев
Локација: Велес
Задачата на Архитектонското студио 8.2 при АФС, оваа година разработува многу социјално релевантна тема на проектирањето на спортски центар за лицата со физичка попреченост. На потребата за дизајнирањето на простор еднакво достапен за сите, Архитектонскиот Факултет досега одговара со неколку проекти и вежби, а сега и соодветно ја среќаваме оваа тема и како задача на архитектонското студио на Катедрата за општествени згради во четврта година. Студентите Дамјаноски и Гогол креираат центар за спортови и рехабилитација во Велес, кој освен што се карактеризира со својот возбудлив изглед и разновидни програми, одговара и на проектантските нормативи потребни за слободно користење на овој простор од страна на лицата со физичка попреченост.
Попреченоста на лицата, без сомнение, може да предизвика ограничување на способноста за делување и адаптирање. Несвесни за движењето и секојдневните активности на лицата со попреченост, често при проектирањето не се води доволна грижа за нив или воопшто не се исполнуваат нивните барања. Почитувајќи ги нормите и правилата. преостануваат голем број на потенцијали што можат да се искористат при проектирање на објекти во кои овие лица ќе можат да ги остваруваат секојдневните активности.
Сл, 1. Фотомотнажа
Темата на ова студио токму ги става во фокус лицата со попреченост и проектирање на соодветна архитектура. Објектот се развива во градот Велес, на десниот брег на реката Вардар, во непосредна близина на Автбуската станица. Теренот на кој е поставен објектот наликува на приорден амфитеатар кој го заобиколува објектот и го потенцира неговото место, од источната страна се наога сообраќајница која се спушта околу објектот, а од западната страна е реката Вардар и паркинг пред неа.
Сл, 2. Ситуација
На локацијата е веќе изграден објект кој вдомува дел од содржинте потребни за лицата со попреченост, односно дневен центар и амбуланта. Новата интервенција која ја предлагаме бара целосно испразнување на локацијата и градење на нов објект кој ќе ги исполни барањата на програмата, а притоа ќе ги вдоми и содржините од претходниот објект, се со цел да се задржи неговиот карактер.
Сл, 3. Анализа – генеза на форма
Преку почитување на старата матрица, предвидуваме периметрален објект со продорори на одредени места во кои ќе проетече веќе постоечката улица, а истовремено би се остварило отварање кон реката Вардар. Клучно за целиот концепт е неговиот кров кој воедно преставува и патека за движење со наклон од 8%, и го збогатува и дополнува самото решение. Дополнително објектот содржи и кула како пандан на традиционална архитектура во Велес е поставувена кон реката Вардар, однсоно дијагонално од големиот и здепаст објект во непосредна близина. За олеснување на комуникацијата во објектот на предната страна се додава трем кон реката Вардар, кој го отвара објектот без јасна граница помеѓу јавното и приватното, воедно нагласувајќи го и почетокот на патеката. Целата композиција се збогатува со трим патека поставена на ,,рампатa’’ односно истата ,,лебди’’ над објект, а воедно го тангира и продира низ него. Партерното уредување во средната на преиметралниот објект ја почитува веќе посоечката улица и притоа додава нови правци на движење кои дијагонално ги поврзуваат главните и економските влезови во објектот, креирајќи ги најкратки можни патеки. Со ова се појавува дијагонала во пресек-рампа и дијагонала во основа-партер. Главните влезови на објектот се ориентирани кон западната страна односно реката Вардар, и се пристапни преку тремот, додека економските влезови се од спортивната страна достапни преку скали пресечени со рампи.
Сл. 4. Скица – концептСл, 5. Анализа – дистрибуција на програми
Решението се развива преку подрум + приеземје + кат и кула од призмје + 5 ката, низ кои е вдомена целата содржина која ја наметнува студиото. Во сутерен се сместени водените батерии на објектот вклучувајќи хидротерапија со пресоблекувални и физиотерапија, меѓусебе поврзани со аркади преку кои се прелеваат двете функции. Преку скали се пристапува до приземјето на кое се наога амбулантата со сите потребни простории и дополнителни содржини за физиотерапевт со пресоблекувални. На јужниот дел од објектот во приземје се сместени просоторите за администрација како и дал од пресоблекувалните за кошаркасраката сала. Преку скали се пристапува до првиот кат, кадешето се развива магацин и сала за состаноци преку кои се пристапува до вторите пресоблекувални наменети за инструктори. Последниот дел од јужното крило е наменето за спортската сала која се протега низ двете висини на објектот и истата комуницира со кулата. Во кулата се сместени кујната и ресторанот со посебен економски влез, на горниот кат во неа се преплетуваат содржините од тремот преку поставување на мултифункционални простории, додека нагоре е сместена теретана и сала за гимнсатика. Во тремот кој комуницира со реката се сместени просторите за домување.
Сл, 6. Пресеци и експлодирана аксономерија
Сл, 7. Основи
Самиот проект преставува рампа која преку игра на висини успева да ја вдоми целата содржина и да го збогати изгледот на градот Велес, а приота да се одговори на сите барања и потреби за лицата со попреченост, креирајќи простор низ кој тие ќе можат слободно да се движат и дружат.
Од студентите
Сл, 8. Визуализација
Сл, 9. Изгледи
Сл, 10. Скица
Сл, 11. Слика од макета