Фотографската колекција на Султанот Абдул Хамид II / Битола

Фотографската колекција на Султанот Абдул Хамид II се смета за една од најголемите колекции на фотографии во светот направени во 19 век . Денеска колекцијата се наоѓа во Универзитетот на Истанбул и брои 918 албуми со 36.585 фотографии. Во 2014 година е започнат проект за нивна дигитализација каде истите би биле достапни за сите истражувачи на тлото на Отоманската империја. Фотографиите не се датирани со точен датум но се претпоставува дека се направени помеѓу 1872 и 1900 година.

Дел од колекцијата Султанот Абдул Хамид II им испратил на Велика Британија и Америка која веќе е дигитализирана и можете да ја погледнете на следниов линк.
Колекцијата дигитализирана од Универзитетот на Истанбул можете да ја погледнете на следниов линк