Виртуелни прошетки низ културните споменици на Македонија / Концепт за култура Скопје

Во денешната објава ви пренесуваме вреден извор на материјали и информации – виртуелните прошетки низ македонските цркви, манастири и археолошки наоѓалишта кои се дело на здружението Концепт за култура Скопје. Овој извор е од корист на секој заинтересиран за македонското културно наследство, студентите на факултетите по архитектура, археологија, антропологија, историја, како и професионалците во овие полиња. Го поздравуваме овој проект, и воедно го поттикнуваме користењето на овие извори во едукативни цели, како и подигнување на нивото на познавање за македонското културно наследство.

На нивниот сајт можете виртуелно да посетите низа на значајни објекти и археолошки наоѓалишта, во кои се вклучени:

-Црквата Св. Ѓорѓи, с. Радање, Општина Карбинци
-Археолошки локалитет Виничко Кале, општина Виница
-Св. Атанасиј, с. Лешок, Општина Теарце
-Св. Јован Бигорски, с. Ростуше, Општина Маврово – Ростуше
-Археолошки локалитет Голем Град, Преспанско Езеро, Општина Ресен
-Св. Никола Шишевски, с. Шишево, Општина Сарај
-Античка гробница, с. Бразда, Општина Чучер-Сандево
-Св. Јоаким Осоговски, с. Варовиште, Општина Крива Паланка
-Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Баргала, с. Радање, Општина Карбинци
и уште многу други локалитети и значајни објекти.

Во продолжение можете да проследите неколку Screenshots од виртуелните прошетки на ККС

 

Во описот на организацијата на нивниот веб-сајт , Концепт за култура пишува:
„Здружение на граѓани Концепт за култура Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓани заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејноост и активности за потткинување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економскиот развој на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.

Основни цели и задачи на Здружението се:
– Да ја промовира македонската култура и творештво во рамките на програмите на УНЕСКО и други меѓународни асоцијации од областа на културата и творештвото;
– Да работи на подигање на свеста за загрозеноста на културните добра;
– Да обезбеди соодветни форми на заштита и презентација на културните добра;
Да обезбеду усовршување на својот стручен кадар кој ефективно ќе влијае на реализација на целите на Здружението;
– Остварување на висок степен на заштита и промоција на трајни вредности од традиционалната и современата култура во и надвор од Република Македонија;
– Промоција, развој и унапредување во областа на визуелните и апликативните уметности и креативен дизајн;
– Издавања на материјали поврзани со унапредување, едукација, промоција и заштита на културата и уметноста во и надвор од Република Македонија;
– Промоција и поврзување на културата, културносто наследство и творештво во развојот на туризмот во Република Македонија.“