Црква Св. Никола/ Радишани, XVI век

Период:  1630-ти, реконструкција 1980-1981

Локација: Радишани, подножје на Скопска Црна Гора

Фрескоживопис: Овчарско-кабларска сликарска група

Извор: Википедија;

Насловна фотографија: www.flickr.com, george k. 1981

Останати фотографии: МАРХ

 

Јужната падина на планината Скопска Црна Гора била своевиден религиозен центар во средниот век, исполнета со низа примери на доцновизантиско градителство. Црквата Св. Никола во Радишани е изградена во XVI век, кога регионот веќе е неколку века во рацете на Османлиите. Во овој контекст црквите морале да бидат мали и скромни, па затоа станува збор за едноставна еднокорабна градба.

 

 

 

 

 

 

Храмот ги носи сите карактеристики на поствизантискиот период, архитектура во византиски стил која ги следи рестрикциите од тогашната Османлиска власт. Нови цркви се граделе само во селата и не смееле да имаат ни куполи ни камбанарии. Црквите не требале да се многу впечатливи ни високи, па така градбата е делумно вкопана во земја и е само скромно декорирана.

 

 

 

 

 

 

Па така Св. Никола се состои од една издолжена просторија – еден кораб, која на исток завршува со апсида. Денес таа е покриена со свод кој бил изведен за време на обновата во 1980-те. Ова е логична претпоставка доколку ги гледаме другите слични цркви од периодот, но сепак не е сигурно дека и оригиналната градба имала свод.

 

 

 

 

 

 

Ѕидовите се изградени од кршен камен и имаат само неколку тесни прозорски отвори. Ова ја прави внатрешноста исклучително темна, што додава на мистичниот амбиент на храмот. Ѕидовите некогаш биле целосно покриени со фрескоживопис од кој денес среќаваме само фрагменти.

 

 

 

 

 

 

На надворешноста среќаваме декорации од тули кои се концентрираат околу влезот и апсидите. На западната страна, храмот имал и припрата која денес е срушена. На оваа фасада среќаваме и фрагменти од фрескоживопис.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Околу црквата се наоѓа и стара некропола со гробни спомници во форма на крстови. Градбата е прогласена како културно наследство на Македонија, и сѐ уште функционира како православен храм.