„Улогата на урбанистичкото планирање врз миграциите” / Повик за 6 локални истражувачи
21.11.2020 • Информации
Бараме 6 локални истражувачи од Приштина, Белград, Подгорица, Скопје, Сараево и Тирана на тема: “Улогата на урбанистичкото планирање врз миграциите”
Цел:
Целта на овој проект е да адресира еден од значајните аспекти кој се смета за фактор што во државите од Западен Балкан предизвикува мигрирање, а тоа е квалитетот на живот во главните градови во регионот: Белград, Приштина, Подгорица, Скопје, Сараево и Тирана.
Проектот нуди иновативен модел на здружување на експерти со мултидисциплинарна позадина од урбанистичкото планирање, архитектурата, статистиката и сл. да дискутираат за заедничката тема на мигрирање и квалитетот на живот во главните градови. Знаејќи ги сличностите во шесте главни града и борбите, овој проект е интересен за Фондот на Западен Балкан (WBF), бидејќи ќе го водеде WBF во една нова темач овој прект може да придонесе за спојување на локалните истражувања и да понуди различни начини на подобрување на квалитетот на живот во шесте главни града од Западен Балкан, со што може да се понуди подобра перспектива за помладите генерации.
Резултатот од овој проект ќе биде истражување кое ќе ги презентира и адресира предизвиците со кои се соочуваат главните градови од регионот и да понуди препораки базирани на наодите од истражувањето и вебинарот (по моделот на Софија).
Проектот е предводен од Косовскиот Институт за економски развој, а имплементиран во соработка со Place.make (Бугарија), Rakatrak HabitArt Academy (Северна Македонија) и Fine Art and Craft Club (Србија).
Преку здружување, на група на експерти (планери, архитекти и др) од Западен Балкан преку предвидените настани (серија на вебинари) ќе им се понуди шанса да дискутираат за проблемите поврзани со просторното планирање, потребата од вклучувањето на јавноста во креирањето на урбаната средина и како да станат иновативни да интервенираат кога тоа е возможно, со цел да се подобри квалитетот на живот во главните градови што би можело да придонесе за економски развој. На дол рок, овој проект се стреми да охрабри млади луѓе да останат во своите држави и да ги преиспитаат можностите за да ја изградат својата иднина и да го поддржат развојот на своите држави. Па така, главното прашање кое се стремиме да го одговориме преку ова истражување е: Како може да се постигне ова?
Потребни квалификации и искуство
- Дипломирани или магистрирани архитекти, урбанистички планери или слично
- Три или повеќе години работно искуство со истражувања, архитектура, урбанистичко планирање, и слично
Други знаења
Одлично познавање на англиски јазик, познавање на друг локален јазик не е неопходно но има дополнителна вредност
Mетодологија
Истражувањето треба да ги адресира следните прашања:
- Како е променета ситуацијата во последните три декади и како политичкиот систем влијаел на урбанистичкото планирање?
- Кои се методите на собирање на податоци потребни за да се разберат сегашните процеси и да се планираат идните?
- Како новите урбанистички планови успеваат доволно да го зачуваат историското наследство на главните градови?
- Дали урбанистичкото планирање ги задоволува демографските промени во главните градови?
- Кои се главните причини кои што ги принудуваат луѓето да мигрираат во рурални средини и обратно, или во странство?
- Кои се процесите кои што го деградираат квалитетот на живот во градовите и како да се справиме со нив?
- Препораки базирани на истражување за тоа како да се подобри животниот стандард во главните градови.
Од истражувачите се очекува да учествуваат на три вебинари, и на кратко (околу 15 минути) да ја презентираат ситуацијата со урбанистичкото планирање во својот главен град.
Исто така, од истражувачите се очекува да комуницираат и споделат идеи и информации со другите истражувачи од регионот кои што ќе бидат избрани да го извршат истражувањето во својата земја.
Краен резултат
Истражувачите ќе направат аналитички извештај од истражувањето со должина до 3000 збора, напишан на англиски јазик.
Заинтересираните кандидати да достават CV и мотивационо писмо на ekonomiksinstitute@gmail.com не подоцна од 10 December 2020, до 17:00.
Автор на статија: Filip Koneski
Истражување / Косовскиот Институт за економски разво / Миграции / повик / урбанистичко планирање