Урбана винарија – Карпош, Скопје / Николовски, Ајруш

Година: 2018

Семестар: VII

Проектна задача: Урбана винарија

Предмет: Студио 7/3

Автори: Урош Николоски, Филис Ајруш

Педагошки тим: проф. д-р Александар Радевски / доц. д-р Горан Мицковски / доц. д-р Димитар Папастеревски / дем. м-р Виолета Ѓорѓевска / дем. м-р Димитар Крстевски

Локација: Карпош, Скопје - бул. „Илинден“ - Паркови и Зеленило

Како дел од Индустриското Студио 7/3, при Архитектонскиот Факултет во Скопје, ви го презентираме проектот на студентите Николоски и Ајруш.

Сл, 1. Фотографија од макета

Сл, 1. Фотографија од макета

Сл, 2. Ситуација на локација, булевар „Илинден“

Сл, 2. Ситуација на локација, булевар „Илинден“

Долгиот булевар „Илинден“ во оваа зона се карактеризира со една изградена страна и една неизградена страна. 

Континуитетот на правецот, хоризонталата, продолжува и во самиот објект кој со својата линиска структура разграничува патека која се протега во меѓу-зоната на двата тракта на објектот. Истовремено овозможувајќи визури кон околината, но и кон внатрешноста на објектот. 

Сл, 3. Пресек низ објектот

 

 

 

Сл, 3. Пресек низ објектот

Сл, 3. Пресек низ објектот

Сл, 4. Основа на приземјеСл, 4. Основа на приземје

Сл, 5. Анализа - генеза на форма

Сл, 5. Анализа – генеза на форма

Со кулата – склуптура во просторотот, се прави отстапка на хоризоналата со една вертикала која го надополнува објектот, но воено и претставува landmark на местотот. 

Хоризонталата и вертикалата се доминантни фактори во обликувањето на винаријата со тоа што претставуваат и архетип на индустриската архитектура – хоризонтала (индустриската хала) и вертикала (оџакот).

 

 

Сл, 6. Визуализација - екстериер

Сл, 6. Визуализација – екстериер

Сл, 7. Анализа - архетип

Сл, 7. Анализа – архетип

Сл, 8. Аксонометрија

Сл, 8. Аксонометрија

Објектот претставува потег со минималистички карактер кој сепак останува достоен на индустриската естетика, преку искреноста кон конструкцијата – видлива челична конструкција која е расчленета со фасадната обработка од керамички блокови, како и целосно застакленото приземје  кое придонесува кон самото осветлување во винаријата и дава ефект на фасада која „лебди“.

Сл, 9, Детал - пресек, од фасада од кермички блокови

Сл, 9, Детал – пресек, од фасада од кермички блокови

Сл, 10. Детал - во основа, од фасада со керамички блокови

Сл, 10. Детал – во основа, од фасада со керамички блокови

Со продавниците, ресторанот, барот и плоштадите околу винаријата, се додаваат урбани содржини во рамките на објектот со индустриски карактер.

Од студентите

Сл, 11, Визуализација - трем

Сл, 11, Визуализација – трем

Сл, 12. Визуализација - ентериер

Сл, 12. Визуализација – ентериер

Сл, 13. Фотографија од макета

Сл, 13. Фотографија од макета

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис