Продавница за органска храна / Андреј Клинчаров и Елена Перинска

Кoнкурс: решение за ентериерно обликување на типска продавница за Органска храна (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство)

Година: 2015

Автори: Андреј Клинчаров и Елена Перинска / студенти на Архитектонски Фкаултет при УКИМ

Награда: 1во место / шифра “Модул”

Текстот е пренесен во оригиналната  авторска форма,  со кој го  авторите го образложуваат  конкурсниот труд:

„Зададената локација е визуелна продавница за органска храна, за која треба да се проектира ентериерот, лесен за монтирање – демонтирање. Во случај на преселба да биде флексибилен за да може да се вклопи во простории од 30 до 80m2. Исто така овој проект треба да се обмисли како две идејни решенија, од кои:

1. Продавница со два соседа;  2. Продавница со три соседа; со тоа што излозите треба да бидат целосно транспарентни.

3 r

Флексибилноста на елементите во нашиот проект е тоа што секој елемент е една единка во целата група и може да се групира, реди, надоградува исто како и “Lego” коцките. Таа флексибилност ја постигнавме со тоа што елементите каде што е предвидено да се чува органската храна се сите посебни и лесно подвижни со тоа што на задната страна од секој елемент или кубус имаме испроектирано да има тркала. Исто така овие кубуси се и економични со тоа што штедат од квадратурата на магацинскиот простор со тоа што долниот дел ќе биде искористен за складирање на резерви од изложениот материјал.

10 r

Материјалот од кој што ќе бидат изработени елементите за ентериерот предвидено е да се изработат од дрво (иверица со дебелина 2-3sm како поевтина варијанта; полно, масивно дрво – Костен, Даб, Бука по избор на инвеститорот) и стакло, плексиглас.

Пултот или касата е поставена централно и е со неправилна форма. Волумените кои излегуваат и се вовлекуваат од надворешниот дел од пултот исто така ќе бидат искористени како изложбен простор под кој ќе има место за складирање на залиха.

Разладувачкиот дел предвидено е да биде обвиткан со дрвен материјал за да не се наруши хармонијата на дрво и стакло со металот на самиот разладувач.

8 r

Полиците кои се развиваат по целата површина на еден од ѕидовите предвидени се да бидат една вертикала која е подвижна со тоа што на задната страна се поставени тркала. Еден елемент го сочинуваат два вертикални модули кои хоризонтално се поделени на одредени точки и полињата кои се добиваат се вдлабнуваат или испуштат по одреден редослед. Полињата кои се испуштени и изгледаат дека се полна маса, всушност ќе се користат како простор за складирање на залиха или доредување со тоа што се заштедува  и од квадратурата на магацинскиот простор.

Model

На овие полици предвидено е да се изложува крупна храна, исто така место за овој вид на храна предвидено е и да се изложува во ленени вреќи кои би можеле да се постават на било кое место затоа што не се фиксни туку се флексибилни.

Просторот за изложување на преработена храна е еден вид на витрина која е поставена во агол и е неправилна форма.

Магацинскиот простор е предвиден да има посебен еконосмки влез кој  не  е транспарентен односно полна ѕидна маса. Исто така до магацинскиот простор се стигнува и од внатрешниот дел на продавницата со лизгачка врата и овој влез би се користел само за потребата да се дореди некој продукт.

Местото за промоција на  храна е предвидено да се одвива на  дрвен пулт 60/60/100 – подвижен и може да се постави на било кое место според  потребата на промоцијата.

Овие ставки ги имаме изработено како технички цртежи, основи во две идејни решенија во кој се разликува само квадратурата на локацијата, а елементите и стилот на уредувањето останува исто. Двете идејни решенија се 45m2, 80m2.

Model

Model

Model

Со овие димензии односно квадратури сакаме да покажене дека нашата идеја за вакво идејно решение за ентериер може лесто да се опреми објект односно продавница со различни димензии, само е потребно да се пресмета колку елементи се потребни за дадената основа односно квадратура.

Ние одлучивме дека со зголемувањето на квадратурата да се проширува само продажниот простор и магацинскиот простор, а тоалетот да остане со првобитната квадратура и влезот да биде од магацинскиот простор.

14 r

Исто така ова идејно решение е флексибилно и за појавата на соседи. Секој елемент и секој рафт е така осмислен да нема позадина, па затоа сосема е ирелевантно дали местото позади нив е полна ѕидна маса или транспарентен излог.

Скоро целиот материјал со кој ќе се изработуваат елементите се од дрво и стакло, затоа што дрвото дава една слика на нешто што е природно, домашно, традиционално, а стаклото дава сигурност за чисто бидејќи исфрлање на токсични материи и разни видови на бактерии е скоро 0%.

13 r

Подот е предвиден како едноделен материјал кој нема да има пукнатини и фуги каде што ќе може да се развиваат разни видови на бактерии и каде што може да се задржи нечистотија. Просторијата е на еден спрат (приземје) каде што пристапот е по рамна површина односно нема вертикални комуникации.

На секој елемент е посветено  внимание да тој како единка биде пред се функционален но и еконимичен (во секоја смисла на зборот), да бидат изработени од квалитетни материјали кој се изработени со стандарди и со сертификат за да се добие долготрајност ефикасност и економичност на секој елемент одделно.”

Model

 

 

 

Автор на статија: