Утре доделување на ГГН 2025

Утре, 26 декември 2025 година, петок, во 19 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, свечено се доделува Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело за 2025 година – манифестација која традиционално се организира секоја година на крајот на декември од страна на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

 

 

Значајно за оваа награда е тоа што е под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Гордана Силјановска Дафкова, која лично ќе ја додели.

Оваа година во конкуренција за ова признание се четири објекти: