Познати победниците на конкурсот за идејно решение за медијатека во Велес
26.01.2019 • XXI век Информации
Извор: општина Велес
При крајот на 2018та година, општина Велес ги соопшти на јавноста резултатите од конкурсот за избор на идејно решение за медијатека. Комисијата едногласно го избрала првонаградениот труд.
Автори на наградениот проект се инжинерите –архитекти проф др. Минас Бакалчев, професор на архитектонскиот факултет во Скопје, Саша Тасиќ, Гордан Петров и Александар Петановски. Соработник на проектот е Марија Петрова.
Во следната фаза претстои распишувањето на оглас за изработка на основен проект. Со овој значаен проект, општина Велес вели дека ќе добие современ, репрезентативен објект кој истовремено ќе функционира како библиотека и медиатека со можност за организација на различни едукативни и културни содржини.
„Објектот ќе се гради во Младинскиот парк на местото на постоечката барака што ја користат фолклорните друштва, на градежна парцела која во Детален урбанистички план е предвидена за оваа намена“, соопшти Коцевски. На прес конференцијата претставниците на медиумите имаа можност да ја видат првонаградената проектна идеја.
Автор на статија: Filip Koneski