Вила во Соње / Helena Mojsic Architects

Година на проектирање: 2022

Локација: Скопје, населба Горно Соње

Автори: Хелена Мојсиќ

Соработници: Филип Спасески, Сања Цветаноска Миноска

Студио: Хелена Мојсиќ Архитектс

Површина на објект: 508м²

 

Авторско образложение:

Локацијата се наоѓа во Горно Соње и составена е од четири парцели кои создаваат површина од 3500m². Самата локација е живописнa, поради наклонот  на теренот од 18 метри висинска разлика има прекрасен театрален поглед. На самата парцела има еден стар објект кој е во многу лоша состојба и еден бетонски постамент помеѓу кој се насадени зимзелени дрва кој даваат приватност и интимност во дворот. Теренот има изведени зелени каскадни тераси. Постојниот објект е насаден во карпи е поделен на две единици поврзани преку дворот и континуирани бетонски скали по целата висина  кои и ги спојуваат и ги разделуваат истовремено.Скалите се инспиративни и се задржани во новиот проект.

 

 

Од тука произлезе концептот и на новиот објект. Како програмски барања на инвеститорот беше проектирање на вила за семејство со помошен објект, терени за кошарка и тенис , базен и гаражи.

Има неколку клучни елементи во проектирањето кои ја зголемуваат програмската и функционалната вредност на самиот објект.

Првиот и најбитен елемент е самото спојување со теренот и околината во континуирана симбиоза , без почеток и крај во преоѓањето на природата и вилата. Објектот се насадува во теренот и каскадно се повлекува со секој нареден кат а предната страна е обложена со стакло кое има можност постојано да се отвара ,за непосреден  контакт со природата  дава чувство на втопување со природата и ненаметливост со своето постоење.

Втор елемент во проектирањето е поделбата  според функционалност на просторот, односно приземјето е заедничкиот дел дневната и кујната, првиот кат се спалните соби и третиот кат е базенот.

Третиот елемент во проектирањето на објектот е неговото разделување во две едници. Едната едница е главниот објект кој се состои од заеднички дел во приземјето спална на катот и базен на вториот кат. Во другиот објект е сместена летна дневна односно простор кој може да биде и отворен и затворен и на вториот кат се сместени детските соби со помошни простории. Она што ги обединува двата објекти се дворниот постамент и скалите кои се поставени меѓу нив а водат до базенот на едниот објект и до детските соби на другиот објект.

 

 

 

Бидејќи теренот е во пад и имаме повеќе програмски содржини проектирањето го започнавме  земајќи ја околината како апсолутен контекст а објектот и содржините се надоврзат на него. Така ние ја зачувавме автентичноста на просторот со неговата природна косина и зеленило. Гаражите се при самиот влев во дворот и тие се на ниво на улица од сите три страни затворени.

 

 

Тениското и кошаркарското игралиште се поврзани со објектот со скалинада а зеленилото околу прави пријатен амбиент за одмор и релаксација .

Највисоката точка е кај базенот и од таму погледот е најотворен .

Базенот е поврзан со внатрешни скали од куќата а и со независни надворешни скали , за да може да има и дирекна врска со другите простории .

 

Во однос на фасадното обликување уште еднаш е нагласена афирмацијата на околниот контекст и надополнување на истиот со форминање на кровни зазеленети површини на секој кат и спојување на партерот со објектот. Големите стаклени површини на лицето на објектот го рефлектираат и дуплираат околниот пејсаж и го прават дворот пријатен и му даваат чувство на топлина. Елементот на воведување на вода односно фонтана од природне камен при влезот во приземјето на куќата  изгледа како да е потпрена на самата куќа го надополнуваат дополнително целиот амбиент со звукот на водата која континуирано тече .

 

Оваа архитектонска творба е показател за тоа како природните феномени дадени од природата можат да изградат една синтезна слика со архитектонското дело и да го зголемат и афирмираат квалитетот на просторот , и доказ за тоа дека колку повеќе и подетално ја анализираме околината и природата и воедно ја почитуваме ,пред да почнеме со создавањето на архитектонското дело толку повеќе  ни се возвраќа со едно преубаво созададено ремек дело на архитектурата .