Објавени визулизации од планираниот хотел на местото на некогашен Хотел „ПАРК“

Порталот Ohridpress.com.mk објави визуелизации од планираниот хотел на местото на некогашниот Хотел Парк.

Според она што можеме да го видиме од приложеното, станува збор за блоковско решение со три единици  организирани во П, поврзани меѓусебно со првите две нивоа. Височината на објектите изнесува П+4 или По+ П +3 (со рамни кровни тераси), додека меѓузоната на плажата со комплексот е хортикултурно и партерно уредена, вклучувајќи и базен.

 

 

За Хотелот Парк и неговото значење за македонската архитектура во повеќе наврати се говореше. Кулминацијата на овие настани беше поврзана и со опасноста Охрид да го загуби статусот – Град на Унеско и да премине во листата на загрозено добро.

 

 

Доколку сте заинтересирани повеќе на темата, ви ги предложуваме да ги прочитате и следните написи:

 

 

Извор: Ohridpress.com.mk