Визии за просторен развој на Крива Паланка – презентација на студентски проекти и изложба

Оваа година студентите од Архитектонскиот Факултет при УКИМ, по предметот Урбанистичко обликување 2, имаа за задача да подготват визии за просторниот развој на Крива Паланка. Девет визии и четириесетина проекти беа презентирани пред претставници на општината и моментално се изложени во Градскиот музеј-Крива Паланка.

Раководителот на предметот проф. Д-р. Дивна Пенчиќ веќе со години ја одржува оваа традиција на соработка со претставници на различни општини. Низ минатите години тие имаат остварено вакви соработки со општините: КратовоКочаниКуманово и др.

Нејзината цел е да се доближи визионерското и стратегиското планирање до институциите кои ги обликуваат нашите градови. Истовремено овие настани се прилика студентите да се запознаат со прагматичниот процес позади урбанизмот и да го слушнат размислувањето на општинските архитекти.

 

 

 

 

 

 

 

 

Ги каниме студентите да ни ги испратат нивните проекти, како би можеле соодветно да ги претставиме пред нашата публика.

 

Фотографии од изложбата: Маја Костадиновска