Втора Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола

По успешно организираните стручна дискусија на тема Регулирање на градењето во градски јадра прогласени за споменички целини во 2021 година и  Првата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во 2022 година, Одделението на архитекти и Одделението на архитекти урбанисти оваа година ја организираат Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. Средбата ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, на 01. декември (петок) и 02. декември (сабота), 2023 година.

Темата околу која ќе гравитираат презентациите и панел-дискусиите на Втората Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти е актуелна во контекстот во кој дејствуваме денес. Истата носи наслов „Архитектот де факто, визави Архитектот де јуре“.

На настанот покрај присуство на архитекти и архитекти урбанисти од целата држава, како и општествениот естаблишмент, своето присуство го потврдија и гости од регионот и Европа.

За таа цел, во деновите што претстојат ќе бидат објавени дел од говорниците и панелистите што ќе земат учество на настанот.

Извор: КОАИ