Второто издание на „Архитект форум“ под името „Дизајнирање иднина“ ќе се оддржи на 20 и 23 ноември во Белград
09.10.2024 • Информации Од регионот
На 20 и 23 ноември 2024 година во Белград ќе се одржи второто издание на „Архитект форум“ под името „ДИЗАЈНИРАЊЕ ИДНИНА“ на две локации: Сала МТС и во непосредна близина на „Дом на млади“ .
За првиот настан, кој ќе се одржи на 20 ноември, клучните говорници ќе ги споделат своите ставови за меѓусебните односи, условите, границите и контрастите помеѓу архитектурата и дизајнот на ентериер. Сметајќи ги како две страни на иста паричка, ќе слушнеме за нивниот креативен и дизајнерски процес, за пречките со кои се соочиле, за проблемите што ги решиле и за заклучоците што ги просветлиле. Корисно за локалната публика е да слушне и да научи за предизвиците со кои се соочуваат врвните дизајнери.
Со оглед на важноста на претстојните ЕКСПО 2025 во Осака и ЕКСПО 2027 во Белград, вториот ден од форумот – 23 ноември, има за цел да отвори дискусија за влијанието на архитектурата врз обликувањето на современото општество. Очекуваме да го слушнеме увидот на архитектите за нивното широко глобално искуство и визија за тоа како глобалниот развој ќе влијае на архитектурата. Дополнително, имајќи го предвид претстојниот ЕКСПО во Србија во 2027 година, ова е одлична можност да разговараме за иновативните концепти и улогата на архитектурата во обликувањето на нашата иднина и подобрувањето на културната кохезија.
Дводневниот настан веќе го потврди присуството на светски познати дизајнери и архитекти со цел поширока дискусија на темите на форумот, како и обезбедување вредни можности за вмрежување.
Македонската стручна јавност е поканета да учествува на форумот, каде ќе биде присутен и македонски модератор.
Автор на статија: Filip Koneski