W.O.L.F. KONGRES 2026 – СВЕТСКИ АРХИТЕКТОНСКИ И ДИЗАЈНЕРСКИ ИМИЊА ВО БЕЛГРАД

На 28 ноември 2026 година, Белград ќе биде домаќин на W.O.L.F. Kongres 2026 – меѓународен конгрес посветен на архитектурата, урбанизмот, дизајнот, иновациите и иднината на градежната индустрија.

Под мотото „Визија за градот 2035 – Инвестиции, архитектура и дизајн за Новиот Балкан“, конгресот има амбиција да обедини некои од најзначајните светски имиња во архитектурата и дизајнот, реномирани архитектонски студија, инвеститори, проектанти, дизајнери и претставници на градежниот сектор од регионот и пошироко.

Меѓу најавените говорници и гости се:

• Karim Rashid – еден од најпрепознатливите современи индустриски дизајнери во светот, со повеќе од 4.000 реализирани дизајнерски решенија и проекти.

• Ross Lovegrove – светски познат дизајнер, препознатлив по својот органски пристап кон формата, материјалите и технологијата.

• Manuelle Gautrand – француска архитектка и добитничка на Европската награда за архитектура, позната по своите смели и скулптурални архитектонски решенија.

• Olga Bolshanina – партнерка во едно од најреномираните светски архитектонски студија, Herzog & de Meuron.

• Roberto Bannura – партнер во Steven Holl Architects, со искуство во реализација на значајни меѓународни архитектонски и културни проекти.

• Mari Randsborg – извршна директорка и партнерка во данското архитектонско студио COBE, познато по своите проекти за трансформација на урбаниот простор.

• Gideon Maasland – основач на Maasland Architects и поранешен директор во холандското архитектонско студио MVRDV.

• Danilo Dangubić – меѓународно афирмиран архитект, кој ќе го претстави и проектот за EXPO 2027.

Програмата ќе опфати предавања, стручни панели и презентации посветени на најактуелните предизвици и можности во архитектурата и градежништвото.

Посебен акцент ќе биде ставен на четири тематски целини – WORLD, OPPORTUNITIES, LIVING и FUTURE, кои ги опфаќаат глобалните архитектонски трендови, новите технолошки можности, архитектурата насочена кон човекот и одржливиот развој.

Меѓу темите се издвојуваат дигитализацијата на проектантските процеси, примената на вештачката интелигенција во архитектурата, иновативните градежни материјали, енергетската ефикасност, зелената архитектура и создавањето поквалитетни и похумани урбани простори.

Покрај стручната програма, конгресот ќе понуди и EXPO зона за презентација на современи производи, материјали и технолошки решенија, како и можности за директно поврзување на архитектите, инвеститорите, производителите и компаниите од градежниот сектор.

Настанот ќе биде заокружен со музички настап на Marko Louis и можност за деловно поврзување и размена на контакти меѓу учесниците.

W.O.L.F. Kongres 2026 претставува можност за нови знаења, професионални контакти и меѓународна соработка, но и можност за отворање на пошироки перспективи за иднината на архитектурата и урбаниот развој на Балканот.

Ги охрабруваме архитектите, проектантите, дизајнерите, студентите по архитектура и сите професионалци од областа на градежништвото од Македонија да ја искористат можноста за учество на овој меѓународен настан.

📍 Белград, Србија
📅 28 ноември 2026 година

🎟️ Информации за програмата, учесниците и регистрацијата:

https://arhitekta.co.rs/w-o-l-f-kongres/