„За убави маалски дружби“ – просторна инсталација на BMA
19.06.2024 • Урбана опрема

Стопанска банка на своите социјални мрежи објави за својата донација за граѓаните на Општина Центар, во облик на просторна инсталација.
„Скверот е пред платото на Општина Центар и вклучува футуристичка инсталација со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди на површина од 56 метри2.
Градоначалникот на Општина Центар, г. Горан Герасимовски заедно со г. Бојан Стојаноски Генерален директор за управување со ризици и Член на управниот одбор при Стопанска банка АД – Скопје го отворија новиот сквер порачувајќи дека ова катче ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.
Маалото е институција која треба да се негува, а маалските дружби играат голема улога за поголема приврзаност со домот и со соседите. Инспирацијата за оваа невообичаена урбана скулптура и сквер доаѓа од нашата традиција, веќе 80 години заедно да ја испишуваме најубавата приказна – ДОМА. Благодарни сме на Општина Центар за остварената соработка со нашиот тим како и на архитектонското студио за ова впечатливо здание.“ изјави г. Стојаноски. “
Просторната инсталација е авторско дело на архитектонското студио БМА.
Содржината е превземна од изворот >>>

Автор на статија: Filip Koneski