Завод за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања / Алексиоска, Угриновска
24.07.2022 • Студентски проекти
Проектна задача : З
Локација : Езеро Преспа
Семестар: IX семестар
Автори: Христина Алексиоска, Жаклина Угриновска
Ментор: проф. д-р Михајло Зиноски
Педагошки тим : проф. д-р Михајло Зиноски, проф. д-р Анета Христова Поповска, дем. Марија Џидрова
Универзитет:„Св. Кирил и Методиј“, Архитектонски факултет, Скопје
Година : 2020/2021
Еволуцијата на растот на местото како компарација со растот на природата, во релација со зададениот природен контекст. Доминација на примарните релации: ПРИРОДА-АРХИТЕКТУРА, ЗЕМЈА-НЕБО, НАДВОР-ВНАТРЕ, што резултира со хаотични и несигурни елементи, аналогни на органската природа на дрвјата и шумите. Концептот на ЛИНЕАРНА ‘’БРАНЧ’’ СУПЕРСТРУКТУРА претставува решение од магистрален тип од кој се разгрануваат фигури, односно специјалистички делови. Примарна цел на овој концепт претставува минимизирање на институционалната слика за рехабилитационите центри, како и постигнување на резултати од лекувањето со помош на архитектурата преку соодветен дизајн.
Ситуација
Анализа на форма
Објектот е лоциран на западниот брег на Преспанското езеро, кое претставува климатски модификатор за блиската околина. Западниот брег претставува идеално климатско поднебје за превенција и лекување на респираторни заболувања, токму поради специфичните географски и климатски услови.
Во однос на објектот, доминира хоризонталата како одговор на природниот контекст и резултира со линеарна бранч суперструктура, со што се овозможуваат висти и визури кон Преспанското езеро, од секоја точка на објектот.
Визуелизации
Овој комплекс се состои од рехабилитационен и спортско-рекреативен центар со капацитети за хотелско сместување. Ваквиот начин на планирање е флексибилен и со можност за понатамошен раст.
Рехабилитациониот центар се развива низ три ката и се карактеризира со четири главни влезови: влез во болница, влез во ургентен центар, влез во хотел и економски влез.
Со цел диференцијација на циркулацијата на различните профили на корисници, влезовите се наоѓаат на различно ниво. Преку приземјето се пристапува до ургентното одделение каде се наоѓаат специјалистичките ординации и останатите простории од одделот за превенција, одделот за физикална терапија, кујната и просториите наменети за вработените.
Ниво 0,00
На првиот кат се наоѓаат просториите од одделот за лекување, односно стационарот, влезот за хотелот, лобито, кујната и трпезаријата за посетителите. Централно е поставена просторијата за посета, каде пациентите и посетителите можат да поминуваат време заедно. На овој кат се сместени и административните простории во посебна гранка како дел од самиот објект.
Основи
Спортско-рекреативните содржини се сместени во засебен објект кој се развива низ два ката. Се содржи од спортска сала, простории со справи за вежбање, помошни простории за посетителите и кафе бар во склоп на гледалиштето.
Погледи
Позиционирањето на секој дел од објектот е во корелација со соодветната ориентација. Фронтот на болничките простории е ориентиран кон југоисток, додека функционалните простории и просториите за интервенција се ориентирани кон североисток. Овозможена е максимална употреба на природна светлина во текот на денот, како и употреба на природни материјали. Планирани се простори клучни за обезбедување на факторот на добро чувство за пациентите и посетителите.
Автор на статија: Filip Koneski
АФС / Белодробни заболувања / Жаклина Угриновска / Завод / Рехабилитација / Студентски проект / Христина Алексиоска