Зошто нема дрвја? / 3

Во серијата на објави со прашањето „Зошто нема дрвја?“ продолжуваме на локацијата на бул.„ Трета македонска ударна бригада“. Од неговата изградба до денес, на булеварот воопшто не е посветено време ниту влог во хортикултурно доуредување.

 

 

По неговата изведба, беа оформени тревниците, со минимално учество на цветни насади, грмушки и дрвја. Оваа состојба е сеуште непроменета во однос на вертикалното зеленило, додека хоризонталното  ( тревните површини) се целосно деградирани.

 

Google maps – street view 2014

 

Булеварот од делот на  раскрсницата со бул.„Србија“ се до полициската станица Пролет е со вкупна должина од 2.5 км што го прави сериозен потенцијал за градското разеленување и промена на микроклиматските услови.

 

Тековна состојба

 

Булеварот е проектиран со по две коловозни сообраќајни ленти, централно зеленило, странично зеленило кое го дели коловозот од велосипедската и пешачката патека, со што проектантски е овозможен хортикултурниот развој.

 

 

Тековна состојба

Монтажа на можности

 

Овој булевар  со посадување на дрвја, грмушки и цвеќиња, може да прерасне во маркантна градска слика. Да видиме преку „брзи“ монтажи како таа трансформација е возможна.

 

Тековна состојба

Монтажа на можности