Никој не е заинтересиран за „остатоците“ од Заводот за урбанизам и архитектура / Фотогалерија

April 23, 2017

Два дена после трагичниот пожар, кој го пеплоса поранешниот Завод за урбанизам и архитектура на град Скопје сликата станува се повеќе очајна. За тоа што остана апсолутно никој не е заинтересиран, па денешниот ветер ги разнесува остатоците на сите страни. Во нив покрај богатството од документација за постземјотресната обнова може да забележиме урбанистички и сообраќајни студии за се она што е работено во втората половина на XX век, огромна библиотека со стручни наслови, списанија од полињата на интерес од регионот и што ли уште не.

Она што е навистина сомнително а што беше забележано деновиве низ медиумите, е информацијата дека водоводната и електричната инсталација биле исклучени, што наведува на сомнеж за подметнат пожар. Потоа како е возможно од институција – Завод за урбанизам на град Скопје, истата да премине во акционерско друштво и  целото наследство да остане таму, кое пак сега е во стечај?! Најтажното е тоа што никој нема на терен, да се обиде да провери што е останато и со желба да го подигне од таму.

Марх во текот на утрешниот ден ќе се обиде да обезбеди повеќе информации, меѓу кои дали од архивата постојат копии во градскиот и државниот архив, библиотеката на Архитектонскиот факултет, како и да дознае во чива сопственост беше истата. Дали како струка можеме  да покренеме иницијатива да се проверат остатоците и тоа што може да помогнеме да се тргне на соодветно место?

Денес ја посетивме локација  и ви ја пренесуваме тажната слика низ фотогалерија 🙁 :

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Антонио Грујевски

Ф.К

Автор на статија:

| / / / / |