Резултати од работилницата „Архивики“

Викендов, се одржа работилницата „Архивики“ во организација на студиото за архитектура и дизајн „Архипункт“, во соработка со Здружението „Споделено знаење“ и нашиот портал за промоција на македонската архитектура – „МАРХ“, во просториите на Њу Менс Бизнис Акцелератор, во Скопје.

Архивики - соработници и организација

Во истата земаа учество  студенти, архитекти, како и луѓе надвор од фелата, кои дадоа сериозен придонес во работилницата со својата посветеност, стекнато знаење, употребувајќи и сопствена литература, покрај приложената од страните вклучени во организација на оваа работилница.

Architecture_editathon_02

Работилницата, имаше за цел да се вклучи во мисијата за промоција на македонската но и светската архитектура, пред домашната јавност (на македонски јазик) на која не и се достапни информации за истите, во интернет просторот.

Architecture_editathon_19

Марх оваа мисија ја води веќе втора година, со цел да ја поттикне професионалната јавност да соработува во истата и да придонесува. Затоа со задоволство ја прифативме улогата на соработници во оваа работилница, која е во насока на целите и интересот на МАРХ. Впрочем МАРХ, ги стави на располагање информациите од својата база на вклучените во работилницата, како и обратно, резултатите од истата, да можат да се објават на нашата страна.

Architecture_editathon_18

Architecture_editathon_17

Идејата е оваа работилница да се повторува на одреден интервал, каде преку дружба возможно е да се придонесе кон афирмација на архитектурата, како дел од општеството.

Architecture_editathon_13

Според статистиките направени од здружението „Споделено знаење“, резултатите се следни:

* 23 кориснички сметки, односно толку членови создале или подобриле најмалку една статија во текот на работилницата;
* 41 новосоздадена статија;
* 8 подобрени статии.

Статиите опфатија повеќе категории меѓу кои : „Македонски и светски архитекти“, „Архитектонски термини“,, „Архитектонски стилови и правци“ и „Архитектонски изложби, манифестации и награди“, и „Значајни градби во Македонија“ .

IMG_3603

Работилницата помина во одлично расположение, споделено знаење и заеднички интереси. Остави надеж за повторување на истата и нејзината идеја и во иднина.

IMG_3592

IMG_3586

IMG_3582

IMG_3576

Architecture_editathon_21

Учесници: Пенелопа Стаматовска, Теодора Михајловска, Ива Хаџи Василева, Дора Тодорчевска, Матеја Николиќ, Илчо Илиевски, Моника Митевска, Ана Грковска, Теодора Илиевска, Благој Даскалов, Јана Брсакоска, Ивана Крстеска, Ана Рафаиловска, Ангела Стојаноска, Надица Ангова, Никола Ќурчиевски, Доротеа Петковска, Марија Петровска,

>„Архипункт“> Невенка Манчева, Марија Антиќ

Споделено знаење“ >Тони Ристовски, Кирил Симеоновски и Бојан Јанкулковски,

>„МАРХ“> Софија Стојаноска, Љубен Трајаноски и Филип Конески.

Извори/ фото: Архипункт, Petrovskyz – Own work, Wikipedia Commons, Споделено Знаење, сопствени извори.

Ф.К

Автор на статија: