Спомен куќа на Васил Главинов – Велес / крај на 19 век

October 12, 2016

Локација: Велес

Век: крај на XIX – почеток на ХХ

Извори:  Технички цртежи : Архитектонски факултет – Документирање и истражување на градителско наследство, Фотографии : Крстевска Моника

????????????????????????????????????

Архитектурата и градителството во Велес се застапени долги години наназад, меѓу кои најзначајна е карактеристичната велешка и староградска архитектура која има оставено најголем впечаток од периодот на македонската преродба, односно од средината на XIX и почетокот на XX век. Густо населениот град кој се развивал на двата рида околу брегот на реката Вардар се одликувал со стилски воедначени куќи со свои специфични архитектонски и градителски белези. Како град на културата, во него живееле познати културни дејци чии куќи денес сведочат за архитектонските трагови и историјата на градот. Едни од поубавите куќи кои денес се градски обележја со назив на спомен куќи се комплексот Варналии, куќата на Кочо Рацин,  куќата на ЈХК – Џинот, куќата на Васил Главинов, куќата на Касапови и други.

%d1%81%d0%b8%d1%82%d1%83%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0

Спомен куќата на Васил Главинов, лоцирана во Велес и изградена на левата страна од брегот на р.Вардар се смета за еден од најубавите белези на старата велешка архитектура.  Куќата се наоѓа во непосредна близина на спомен-куќите на Џинот и на Касапови, во месноста Долни дуќани во стариот дел на градот и била изградена кон крајот на 19-от и  почетокот на 20-от век.

Денес во просториите на куќата се поставени фотографии од животот и делото на Васил Главинов, како и предмети поврзани со него. Освен тоа, во една просторија е столарската работилница со алатките со кои што работел.

Оваа куќа се наоѓа на аголот од две улици и е дел од старото градско тикво на Велес. Во куќата се пристапува од долната улица преку дрвена двокрилна порта потигната на две скали во малиот двор. Во дворот има чешма и тоалет, и преку него се пристапува во потонот.  Куќата се состои од потон, приземје и кат групирани во неправилна форма прилагодена спонтано да го одсликува градското јадро и начинот на градителската концепција, согласно стрмниот терен, густата и ситна структура и форма на парцелата . Преку неколку еднокраки скали се пристапува до приземјето кое се состои од две одаи и работилница и отворен трем во една неправилна форма присопособена на соседите и парцелата. Преку тремот низ дрвени скали се качува на катот  кој се состои од еден убав чардак насочен кон погледите на реката и другиот брег од градот, а преку него се пристапува до кујната, и две одаи. Овде се наоѓа и најрепрезентативната одаја во куќата која освен со големи прозорски отвори се карактеризира и со голем балкон или чардак.

%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%82%d0%be%d0%bd

 

Model

%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d1%82

Чардаците постепено по катовите се испуштаат од габаритот на куќата и се насочуваат кон улицата и околината. Структурата на овие еркерно испуштени простори го дава вистинскиот дух по кој се карактеризираат овие типологии на куќи.

Градени со примена на локалните градежни материјали во комбинирани системи на камени ѕидови и лесна дрвена конструкција, потонот е изграден од камен, а приземјето и катот од бондручна конструкција чија бела фасада доминира со убаво обликуваните прозорци и нивните дрвени опшиви. Покривот е изведен од дрвена конструкција и покриен со ќерамиди.

Model

Model

Model

Преку специфичноста и значењето на историското наследство на традиционалната велешка куќа, оваа куќа на Васил Главинов е прогласена за културен споменик и спомен-музеј за животот и делото на Главинов.

2

????????????????????????????????????

4

????????????????????????????????????

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска

Автор на статија: