Дом на култура – Битола / Смилевски и Мушиќ 1976
02.07.2015 • ХХ век / II половина
Автори: Александар Смилевски и Марко Мушиќ (консултант)
Ентериер: Љубица Никољска
Локација: Битола
Година: 1976-1980
Изведувач: РГО „Бетон”
Извор: Бимас 1980
Домот на културата во Битола , интегрална целина на најразновидни програмски и просторни барања, е реализиран под еден покрив, создавајќи впечаток на продолжување на централниот градски простор и неговото содржинско збогатување.
Во барањето на оптималната концепција предложено е систем на поврзување на сите простории за публика што дава широки можности за еластично и флексибилно користење.
Домот содржи две мали сали во правоаголна поставка што дава можност за заедничко и рационално користење на сценскиот простор.
Големата сала е со капацитет 1000 места и има универзален карактер со примарна функција на кино и естрадна сала.
Малата сала е наменета за театарски претстави и има 600 места.
Клуб кафеаната е лоцирана на ниво на фоаејата меѓу големата и малата сала со можност за флексибилно користење.
Во обликувањето на објектот главен пластичен акцент на композиционата целина се покривните елементи од бакарен лим обликуван во склад со функцијата на волумените.
Динамичната пластика на покривот со присутни кружни форми во контраст со ортогонална структура на градскиот центар остварува врска со присутните форми на историските споменици.
Автор на статија: marh