АРХИТЕКТ ДРАГАН ТОМОВСКИ (1911 – 2009)
23.02.2017 • Автори
Извор: Архитектурата на почвата на Македонија, од средината на XIX до крајот на ХХ век – Книга 14 , МАНУ, 2006,
Архитектот и урбанист Драган Томовски е роден во Скопје во 1911-та година. Потекнува од пошироко градителско семејство, дедо му Михајло бил познат градител во периодот во кој живеел. Изградил повеќе сакрални и опшествени објекти во нашата и во соседните земји, а во Скопје неговиот најзначаен објект е ,,Машката гимназија” која веќе не постои. Вујко на Дрган Томовски бил Јосиф Михајловиќ , големиот скопски архитект и градоначалник помеѓу двете светски војни. Драган Томовски развива богата архитектонска и урбанистичка дејност.
Станбени кули – Аеродром
Во периодот пред втората светска војна, Драган Томовски се вработува во Tехничкото одделение на Скопската градска општина. Веднаш по ослободувањето со формирањето на Mинистерството за градежништво на владата на НРМ работи како проектант во бирото за обнова и изградба на земјата. Во 1950г. е преместен во Градското собрание на град Скопје како раководитетл на архитектонско-урбанистичката служба. При формирањето на заводот за архитектура и урбанизам на град Скопје тој е еден од основачите и член на потесното раководство на оваа институција.
Станбено-деловна зграда во Скопје
@Марх
Драган Томовски се јавува како современик на Јан Дубави, Славко Леви, Михо Чакеља и други познати архитекти од тој период. Се јавува као проектант на бројни објекти со различни намени од кои преовладуваат станбените згради, туристичко-угостителските објекти, доследно спроведувајќи го интернационалниот стил.
Хотел ,,Турист” – Скопје
@Марх
Во проектирањето на становите обрнува посебно внимание на на функцијата и се залага за рационално организиран стан. Негови позначајни остварувања од областа на архитектурата се:
- Учителската школа со интернат и сите придружни содржини : исхрана, опшествени потреби и спортска активност во Битола – 1946г. ;
- Станбените блокови (П+2) во населбата Карпош во Скопје – 1947г.;
- Станбените блокови во Дебар маало во Скопје – 1947г.;
- Станбено-деловната зграда со ресторан во центарот на Скопје – 1953г.;
- Спортскиот центар под кале во Скопје (коавтор) 1956г.;
- Повеќестанбени згради со деловен простор – Битпазар, Скопје – 1956г.;
- Хотел ,,Турист” во Скопје, ул. ,, Mакедонија” – 1958г.;
- Коплкес кули во населба Аеродром, Скопје (коавтор) – 1974г.;
- Станбени кули во населба Капиштец, Скопје – 1975г.;
- Станбено деловна зграда на плоштадот ,,Македонија” наспроти кафеаната ,,Лондон” – 1956г.;
- Станбена зграда со деловни простории (каскадно решение) во центарот на Свети Николе – 1974г.;
- Зграда на Општинското собрание на Свети Николе со сала за општински и јавни потреби – 1975г.
Според неговите проекти се изградени и повеќе индивидуални семејни куќи во Скопје.
Индивидуална куќа на БУЛ. Партизански Одреди
@Марх
Арх. Драган Томовски се занимава и со урбанистичко проектирање. По земјотрeсот во 1963г. во градскиот завод за урбанизам и архитектура работи како соработник и член во тимот за изработка на Генералниот урбанистички план на град Скопје , во поширок состав со странските соработници ,,Доксијадес” од Атина и ,,Полсервис” од Варшава.
Во потесен состав на тимот, во соработка со архитектонското биро на Кензо Танге од Токио, работи на урбанистичко решение на централното градско подрачје на Скопје. Учествувал во изработката на програмата за урбанистичко решение на централното градско подрачје на Бања Лука по земјотресот кој го зафатил овој град.
Други урбанистички остварувања се :
- Детален урбанистички план за реонот ,,Скопје-Север” – 1964г.;
- Детален урбанистички план за населбата ,,Кисела Вода”, Скопје – 1964г.;
- Урбанистичко решение за населба ,,Капиптец”, Скопје – 1968г.;
- Урбанистичко решение за центарот на ,,Свети Николе” – 1974г.
Станбен блок, населба Карпош 1 – Скопје
Драган Томовски подолго време престојувал како експерт во странство. Во Сирија е ангажиран за изработка на урбанистички програми и студии за развој на туристичките реони и населби во периодот од 1967 – 1968г. Во емиратот Кувајт е ангажиран како проектант и консултант за архитектонско-урбанистичко проблеми 1976 – 1978г. Во Кувајт остварува i повеќе проекти мегу кои станбени населби и јавни згради со типична архитектура за тоа подрачје и индивидуални семејни објекти за видни тамошни личности. Со успех учествувал и на повеќе анонимни архитектонско -урбанистички конкурси во поранешна Југославија
Добил награди за следните трудови.
- Административна деловна зграда во Скопје ;
- Католичка црква (повикан конкурс) – Скопје;
- Дом на синдикатите во Скопје;
- Дом на културата во Битола (втора награда);
Некои од проектите и реализираните проекти на Томовски, публикувани се во реномирани стручни списанија на терироријата на поранешна Југославија и презентирани се на повеќе колективни и самостојни изложби. Слободното време го надополнува со сликарство – акварелска техника со пејсажни мотиви.
Станбено-деловна зграда во Скопје
За неговата долгогодишна плодна активност во областа на архитектурата и урбанизмот арх Драган Томовски е добитник на повеќе признанија мегу кои.
- Наградата на Владата на НР Македонија по повод 5 години постоење на НР Македонија за придонес во обновата и развојот на Македонија;
- Награда ,,13 Ноември” на град Скопје за успешно остварување во областа на архитектурата;
- ,,Сребрена плакета” на град Скопје, како заслужен граѓанин;
- Југословенско одликување – орден за заслуги за народот.
Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, го наградува со престижната награда ,,Андреја Дамјанов” во 2004-та година и тој станува член на Aрхитектонската академија при Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија.
Станбени кули – Аеродром
Материјалот го приложи и обработи: Софија Стојаноска
Автор на статија: Стојаноска Софија