Ателје за моден креатор / Османли и Ајруш

Студенти/автори на проектот: Вероника Османли и Филис Ајруш

Архитектонско студио 4 – Архитектонски факултет, Скопје

Под менторство на: Александра Саздов и Павел Вељаноски
Предметен професор: доц. д-р. Јован Ивановски

Задачата на студиото се состои од проектирање на нова урбана структура, со цел регенерација на просторот на Старата Скопска Чаршија, како културно-историско наследство и некогашно трговско и економско јадро на Скопје, преку сместување на ателјеа на неколку креативни творци и влијателни личности во културниот живот, на дадената локација, со што повторно би оживеал творечкиот и занаетчискиот дух на Чаршијата.

локација

Разработката на идејниот проект се ослонува на темелна анализа на даденостите на локацијата, како и барањата на клиентите, со цел да се интервенира во соодветен манир и да се обезбеди корисен, квалитетен простор, користејќи ја современата архитектура.

северна фасада

Ателје за моден креатор – Ирина Тошева

Тргнувајќи од едноставен волумен, соодветен на контекстот на Старата скопска чаршија, со длабење и додавање , двовисински простор и големи отвори се добива објект со силен волумен, но лесна структура, простор низ кој протекува препознатливиот дух на чаршијата и современиот вкус на младата креаторка, во кој се вметнува богата програма. Со поставување на впечатливата фасада се додава динамика на чистиот волумен. Во објектот се сместени елементи кои се подложни на трансформација и служат за разигрување и приспособување на просторот за повеќе функции.

форма

Форма

Основниот волумен е добиен со развивање на површината на парцелата на три нивоа. Карактеристичен потег е пасажот  на приземното ниво, добиен со длабење, чија гранична линија е продолжение на границата на останатите парцели од локацијата, така што се овозможува директен премин од улицата во задниот двор, а претставува основен модул кој се користи при проектирањето. Со овој потег се добива мал изложбен простор-аналогија на чаршиските излози. Остатокот од приземното ниво добива квадратна форма. Средното ниво останува со целата површина, како нагласување на функцијата и важноста на нивото. Третото ниво е повлечено од соседот – хотелот “Буши”, со тоа се добива тераса, а површината е иста со приземното ниво.

аксонометриски приказ 2

Просторна концепција

На приземното ниво се сместени малиот изложбен простор, пасажот и делот за комуникација со клиенти. Користејќи го пасажот се овозможува вметнување на дополнителна функција – одржување на ревии во задниот двор.

основа подрум

Во малиот изложбен простор се сместени скали на кои стојат изложбените кукли, кои можат да се трансформираат и да се користат како седишта за време на ревиите.  Во делот за комуникација со клиентите се сместени и вертикалните комуникации преку кои се пристапува до горното ниво – работниот простор и подземното ниво – подрумот. Во подрумот се сместени тоалетот, соблекувалните и оставата.

основа приземје

пресек 1-1

На второто ниво е сместен работниот простор и мала кујна, а делот под скалите се користи како остава. На ова ниво има отвор во плочата, со што се добива двовисински простор за акустично-визуелна комуникација со приземното ниво.

основа кат 1

На третото ниво е сместен интимниот простор-простор за краток престој, во кој се пристапува преку ходник. Истиот ходник се користи за излез на терасата, со цел да може се користи и од други посетители.

основа кат 2

пресек 2-2

Материјализација

Во приземното ниво продолжува автентичната чаршиска калдрма, како манир на конзервација, проток на чаршијата низ објектот и соединување на старото и новото.

материјализација

Карактеристична е двојната фасада составена од ротирачки панели, поставени на носачи, испакнати пред големите прозорски отвори на фасадата, кои ја олеснуваат масивноста на објектот и го исполнуваат главното барање на клиентот – големо количество на светлина.

отвори

Одбрани се тие да бидат ротирачки, со цел лесна трансформација на фасадата и регулирање на интимноста и осветленоста на просториите, по желба на клиентот.

модел 0

модел 1

модел 2

модел 4

модел 5

модел 3

 

Ф.К

Автор на статија: