Бруталистичка архитектура во Скопје низ објективот на Муличковска Моника
22.12.2016 • Фотографија
“ Јас сум Моника Муличковска, дипломиран графички дизајнер чија вистинска пасија е фотографијата. Фотографијата за мене претставува медиум преку кој најлесно можам да прикажам каков е светот во моите очи. Инспирација наоѓам во се околу мене, но исто така и при истражување на нови и непознати места и култури. Скопје како мое место на живеење редовно ме поттикнува да се обидам да го претставам во неговото најубаво светло. Се надевам дека ќе ви се допаднат фотографиите кои се токму од неговата бруталистичка архитектура.”
Нејзините останати фотографии може да ги погледнете на официјалната фб фан страна
https://www.facebook.com/mulichkovska/
Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска
Автор на статија: Моника Крстевска