Вила во Тобрук -Либија / Пелагонија проект 1966
23.05.2015 • ХХ век / II половина
Автор: Проектантско биро на Пелагонија Проект
Гoдина: 1966
Локација: Тобрук-Либија
Извор: публикација Пелагонија 1975 год.
За овој објект не поседуваме подетални информации, освен фотографијата. Проектирањето на вакви објекти, населби и комплекси се забележува во текот на 60тите години од страна на оперативата на Пелагонија низ цела Либија. Особено е значајна изградбата на автопати. Од аспект на соодветна архитектура, како на местото, така и на духот на модерното време, Пелагонија била своевиден гигант, кој имал професионален тим конкурентен во светски рамки. Пораката на овие фотографии од делата на македонски автори и изведувачи, создадении пред 50 години, говори за професионализам кој внимава на традицијата на просторот, времето, климатските карактеристики. Денес, тој линк на професијата со искуството од златните години на македонското градежништво е изгубено, особено со пропаѓањето на гигантите, губењето на архивата, особено не пренесувањето на искуствата.
Во прилог повеќе фотографии од станбени комплекси во Либија, дело на Пелагонија Проект:
Автор на статија: marh