ВО НАЈАВА годишните печатени изданија на МАРХ
09.11.2016 • Информации
На наше големо задоволство ги најавуваме годишните печатени изданија на МАРХ. Истите претставуваат селекција на објави од сите категории кои ги покриваме, поделени во две изданија според датумите на објава. Првиот број ќе ги опфати објавите од периодот 24.11.2014 -23.11.2015, додека вториот број ќе ги опфати објавите од 24.11.2015 -23.11.2016.
Марх овој месец ќе прослави 2 години од своето постоење во интернет просторот, што е одличен повод за оваа најава. Доколку сакате да сте дел од овие годишни магазини, сеуште имате време да ги доставите вашите проекти на нашата официјална меил адреса contact@marh.mk, подготвени според правилата за објава. Објавените проекти до вториот роденден, се стекнуваат со можност за селекција во вториот број на печатеното издание.
Печатените изданија на МАРХ, можете да ги очекувате кон крајот на оваа година и почетокот на новата година. Идејата е веќе од следниот трет број да имаме различен селектор на магазинот, кој ќе биде официјално поканет од МАРХ.
Печатеното годишно издание на МАРХ, стреми да допринесе во архивирањето на македонската архитектура, нејзино јавно презентирање и популаризирање.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski