Повик за зачленување во ИКОМОС Македонија за 2022 година

Минатата недела отпочна процесот за зачленување во ИКОМОС Македонија за 2022 година. Подолу ви го пренесуваме соопштението во целост:

Почитувани,

Ве информираме дека отпочна процесот за зачленување во ИКОМОС Македонија, а со тоа и во Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС за 2022 година.

Доколку сакате да станете членови тоа можете лесно да го направите со пополнување на електронска Пристапница (Барање за зачленување) која можете да ја пополните на следниов линк:

https://rb.gy/w1c8uq

Се надеваме на ваш интерес за членството во ИКОМОС Македонија во 2022 година,

Срдечно,
ИКОМОС Македонија