Глигорие Ташковиќ ( Битола 1901-1963 Њујорк )

Дипломирал на Градежниот отесек при Техничката велика школа во Белград во 1925 година. Од 1925 до 1932 година работел како државен службеник во Битола, одговорен за изградба на патишта. Во 1928 година престојувал во САД каде што бил на специјализација за изградба на модерни автопатишта. Од  1935 до 1946 година бил сопственик на градежна фирма со седиште во Скопје. Во тој период изградил многу објекти на нискоградбата и високоградбата, како што се патишта, мостови, аеродроми, стоковни куќи и фабрики. Фирмата работела за Југославија, Бугарија, Турција во која биле вработени 3000-5000 работници за различни проекти. Тој го извршил сушењето на мочурното земјиште околу реката Црна на површина од 30000 ха во пелагониската рамнина. Негови позначајни реализирани објекти:

1933      Меѓународниот автопат: Велес-Градско, Прилеп-Градско, Битола-Кичево

1935      Мостовите на: Црн Дрим во Струга, Црна Река до Битола, Камениот мост на р. Црн Дрим во Дебар, бетонскиот во Велес над автопатот.

1937      Земјоделско училиште во Битола

1938       Хидробиолошкиот институт на охридското езеро,

1939       Банската палата ( денешно собрание на Република Македонија)

1939     Железничката станица во Скопје

Авторски проекти:

1936      Индивидуална семејна куќа на Боро Николиќ на ул. 463 ( Мишко Михајловски ) во Скопје

1940      Станбениот објект (П+3+По) на Глигорије Ташковиќ, на аголот од улиците Орце Николов и Ленинова     во Скопјеosnova 3

osnova 1

osnova 2Податоците се позајмени од книгата „Градителите на Македонија XVII-XX век”, од проф. Георги Константиновски, со личнo одобрение на авторот.

marh gligorie tashkovikj

Автор на статија: