Едукативен центар за екологија / Илиов

Студент/автор на проектот: Дени Илиов

Архитектонско студио 5.2 – Архитектонски факултет, Скопје

Под менторство на: доц. д-р. Мери Батакоја
Предметен професор: проф. д-р. Анета Христова – Поповска

Педагошки тим: проф. д-р Анета Христова – Поповска, вонр. проф. д-р Михајло Зиноовски, доц. д-р. Мери Батакоја, Владо Данаилов, Елена Тасевска и Михајло Стојановски.

Локација: Демир Капија

Задача: Едукативен центар за екологија, заштита и менаџмент на животната средина        

Учебна: 2016/2017

Сите композициски елементи кои што се интегрирани во една целина, формирајќи склоп од три независни компоненти, се надоврзуваат на непосредното опкружување односно логично се поставени во однос на него. Се она што се случува на локацијата е нанижано на оска која што е нормлана на ортогналниот систем на уличната мрежа па така и објектите се поставуваат на истиот начин како се поставени објектите во веќепостоечката состојба.

 

Реката со целото нејзино широко корито и густата шума, која се наоѓа непосредно до самата локација, одделена со една „Врзувачка улица“, претставува одличен пејсаж кон кој можат да се упатат визури од локацијата, па затоа и оној дел од програмата кој што дозволува отворенот кон визури неслучајно се наоѓа на долниот дел од замислената оска. Не е исклучена и можнота да се воспостави директен контакт со реката преку една платформа поставена веднаш по врзувачката улица.

Самиот отворен пристап до самата локација дозволува одредено издигнување на компонентите што се наоѓаат на истата приота додавајќи им и монументално значење кое ќе може да се забележи при пристапувањето до објектот.

Главниот објект е составен од повеќе делови кои се развиваат вертиклно нагоре по катови од кој централно значење е аулата што се наоѓа на самото приземје и продолжува по целата вертикала на објектот како повеќевисински простор за да накрај добие пирамидален завршеток.. На тој начин е добиен монументалниот карактер на објектот.

Истата пирамида се наоѓа како завршеток и на спортската сала надоврзана на институтот преку мост па така покрај она физичко поврзување на објектите, пирамидите го дополнуваат поврзувањето и на друг начин.

Биолошките градини во кои се одгледувааат и се изложуваат растенијата (хербариум и терарим) се наоѓаат непосредно до главниот објект исто така сместени во пирмаида со назначен влез што на некој начин претставува стаклена градина.