Заров Климент / 1930 -2018
24.08.2017 • Автори
Архитект Климент Заров е роден во Охрид во 1930 година. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје.
Работел во Заводот за урбанизам и архитекура во Охрид каде што го поминал најголемиот творечки период се до 1999 г. кога преминал во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови во Скопје.
Позначајни реализирани дела:
- 1957 Три повеќесемејни станбени објекти ( П+4) на ул.„Димитар Влахов“ во Охрид;
- 1963 Станбен објект (П+4) за просветните работници на ул.„Јане Сандански“ во Скопје;
- 1971 Хотел „Инекс“ , Охрид;
- 1972 Станбен блок (П+3+По) и станбена кула (П+9) на ул.„Партизанска“ во Охрид;
- 1982 Хотел „Силекс“ во Охрид ( со арх. Р. Наумовска);
- 1983 Хотел „Горица“ во Охрид;
- 1995 Станбени блокови (П+М+4+По) на ул.„Партизанска“ во Охрид (со арх. В.Снегар);
- 1996 Две станбени кули (П+М+6+По) на ул.„Партизанска“ во Охрид (со арх. П.Манев);
Награди и признанија:
- 1970 „11 Октомври“ – за хотел „Инекс“, Охрид;
- 1971 Награда на град Скопје, за урбанистичко творештво;
- 1972 Признание на сојузот на урбанистите на Југославија „СУЈ“;
- 1985 Сецијална награда на „БИМАС“ за хотел „Горица“;
- 2009 „Андреја Дамјанов“, награда за животно дело.
Извор: AAM, „25 години награда за животно дело“
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Горица / Заров Климент / Инекс / Охрид / Силекс / ул.„Партизанска“