За нов претседател на ААМ е избран архитект Мартин Пановски

На 17.10.2016 г. (понеделник) во конференциската сала на ЈП државни патишта со почеток во 15h се одржа редовно годишно изборно Собрание.

Избрано е ново раководство на ААМ.
Нов Претседател на ААМ е Мартин Пановски.

Членови на УО на ААМ се : Ана Радоњиќ, Виолета Бакалчев, Слободан Велевски, Бесиан Мехмети, Марта Илиевска и Иван Арсовски.

Мартин Пановски е роден 1975 година во Скопје. Дипломира на Архитектонскиот факултет при УКИМ, додека докторските студии ги запишува на „Свеучилиште у Загребу“. Во своето професионално искуство се бројат многу проекти и реализации во неколку архитектонски студија, како и дополнителни ангажмани во сферата ( изложби, конкурси…) . Од 2012 година работи како архитект/ партнер во Радиус Архитекти.
Извор: ААМ

Автор на статија: