Изгореа бараките на Заводот за урбанизам и архитектура
21.04.2017 • Информации
Денес беа опожарени бараките на поранешниот Завод за урбанизам и архитектура во Скопје . Во некогашната врвна институција, денес – акционерско друштво беше сместена оригиналната документација од обновата на постземјотресно Скопје: урбанистички планови и предлози, познатата макета на тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге, архивски документи и сл. Во пожарот нема повредени, но е причинета голема материјална штета.
Како е избувнат пожарот и дали документацијата во времето на немилиот настан била сеуште во бараките немаме официјална информација. Доколку не е претходно преместена истата а според сликата на терен бараката е до темел изгорена, Скопје ќе изгуби многу вредно наследство.
Губењето на современо Скопје се случува од секаков аспект, додека шпекулациите на социјалните мрежи за можните причини за пожарот се разгоруваат.
Низ интернет просторот наидовме на видео од посетата на учениците на СУГС „Здравко Цветковски“ во просториите на заводот. На истото може да се забележат наведените планови и макети.
Насловно фото: Republika.mk
Автор на статија: marh