Институт за деца со аутизам / Андреј Клинчаров

Магистерски труд / Архитектонски факултет Скопје

 Автор: Андреј Клинчаров

 Ментор: Доц. д-р Михајло Зиноски

 Тема: „ТРАНСФОРМАТИВНИ ТИПОЛОГИИ“ истражување на архитектонски концепти на програмски интегрирани објекти од општествен карактер

 Наслов НОВИ МОДЕЛИ НА АРХИТЕКТОНСКИ КОНЦЕПТИ НА ОБЈЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО – ИНСТИТУТ ЗА ДЕЦА СО АУТИЗАМ

 

Архитектурата е наука која произлегува од опкружувањето кое го создаваме, како и негова организација која има за цел да ги задоволи потребите на корисниците. Архитектите често го користат сензорното чувство– аудиториумот, визуелниот пристап, звучноста во еден објект – што значи да го сврзат значењето и потребата на корисниците со самиот простор кој конкретно во овој случај е наменет за лица со аутизам.

%d0%bf%d0%b0%d1%80%d1%82%d0%b5%d1%80

Ситуација со отворена основа

Моменталната бројка на објекти поврзани со аутизам е сведена на минимум. Нивната состојба варира во завистност од тоа дали објектот е приватен или државен. Државните институции имаат спор и неквалитетен прогрес кој не ги прати светските архитектонски параметри за аутизам. Приватните здруженија во завистност од можностите, кои ја одредуваат нивната граница, се трудат да бидат во чекор со параметрите.

%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d0%bb%d0%b5%d0%b4-1-%d0%b8-2

Со цел задоволување на овие потреби,  создавање на нов програмско-просторен модел од областа на аутизмот, кој претставува ре-дефиниција на програмските содржини во соодветен просторен концепт по светски стандарди е неопходен. Функционалноста на моделот не е условен од средината, но игра голема улога, каде природното опкружување и елементот на водата, се дел од процесот на лекување, живеење, истражување.

Покрај функционален центар за лекување, објектот воедно е и место каде коегзистираат професионаллните и човечките аспекти.Основен принцип на просторот е хуманизацијата, постигната преку изградениот простор, дистрибуцијата и организацијата на различните простори, волуменот на објектот, погледите кон надвор, природната светлина итн.

Model

Основа

            Генерирањето на програмата за центарот за аутизам, како комплексен објект подразбира обединување на повеќе сектори од областа на образованието, медицината и услужните дејности. Програмската содржина  е составена од: рецепција со лоби, администрација, училници, сензорни соби, работа со логопед, спортска сала, работа со компјутери, невролог,  хидротерапија, кинези терапија, психомотрика, психолог, работен центар, асистирано живеење, ветеринарна нега, ветеринарен стационар, тренинг дог парк.

%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b5%d1%80

Локацијата се наоѓа во дел каде сообраќајот е минимален и бучавата воопшто не се чувствува. Транспортот е едноставен и без никаков проблем може да се дојде до парцелата со јавен транспорт или приватно возило. Паркинг простор е обезбеден како за вработените така и за посетителите. Локацијата има природна граница, река, која визуелно го подобрува видикот и влијае на микроклимата. Самата општина има предвидено зелен појас околу парцелата како и забрана за градење во околните парцели. Присутноста на водата, , поволната источно-јужна ориентација, заштитата со ридот, умерено континентално-субмедитеранскa клима, отворениот поглед, директниот пристап  се главните карактеристики на оваа локација.

Model

Шемата на движење функционално разликува неколку простори кои се надоврзуваат. Училиштето има јасен пристап и линиско движење во кое ѕидовите се искривени  со цел да се поттикне детето да истражува повеќе во просторот. Болницата има кружно движење околу атриумот каде се се дава акцент на меѓусебната комуникација. Исто како и кај училиштето, движењето во делот со асистирано живеење е линиско но се јавуваат разместувања со цел просторот да не биде монотон и да се овозможи еднаков третман на сите соби.

%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%ba-3

Објектот има дрвена конструкција која не го попречува големиот распон да се развива низ целата градба. Распоните и обработката на самото дрво го задоволува функционалното и естетското. Дрвото како материјал е лесен за монтажа и демонтажа, што овозможува доколку е потребно надоградување на самиот објект. Конструкцијата која е применета во центарот за аутизам се базира на модерна јапонска шема каде се избегнува користење на сврзни елементи, а истите се сведени на минимум.

%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%ba-4-%d0%b8-5

Во однос на надворешното обликување и материјалноста, дрвото ја нагласува природната и цврста структура на просторната конфигурација, додека спојот со стаклото создава пријатна атмосфера каде се руши границата внатре надвор при престојот на корсниците.

%d0%b0%d0%ba%d1%81%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%bc%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0

Кровната покривка е максимално искористена со поставување на панели кои се енергетски ефикасни и овозможуваат сопствена продукција на енергија, додека на одредени делови се јавува кровно зеленило кое служи и како додатна изолација согласно со барањата за еколошко исплатливи објекти.

Model

Уредувањето на дворот е планско, каде постојано се користат природни елементи. Отворениот простор, дворот е специјално дизајниран и е мултифункционален. Вклучува функции кои ќе поттикнат истражување, интеракција и експериментирање со сите сетила. Дворот се развива на неколку височини, со многу комбинации и видови на површински структури, различни видови на вегетација и ниско зеленило, како и комбинации на неколку бои.

Model

Ф.К