КАЛЕ – културна тврдина

На 7-ми и 8-ми Октомври се оддржа еден од поважните настани во доменот на архитектурата кој го поттикна прашањето на тоа како да ги вратиме во одредена смисла просторите на градот кои инаку не се ангажирани целосно и лесно можат да станат цел на агресивниот турбо капитализам.

img_744a7

@МАРХ_Борис Јурмовски

Во таа смисла, настанот именуван како „Кале, културна тврдина/Скулптурално“ во организација на Музеј на Современа Уметност и под кураторство на доц. д-р Јован Ивановски и Зоран Петровски, МСУ дава перспекитва за понатамошни визии за нова употреба и ревитализција на овој крај на Скопје.

img_2305-edit

@Андријана Тилич

Во прилог следи оригналниот опис на настанот:

„ Свртувајќи го вниманието на неоткриените вредности содржани во големото и речиси потполно запуштено пространство, кое лебди над крововите и панорамата на Скопје, Музејот на современата уметност сака да предупреди на опасностите од кои Калето би можело многу брзо да прерасне во уште една жртва на агресивниот турбо капитализам, но и да трасира идеи и насоки за уредувањето на овој извонредно драгоцен јавен простор во името на општиот интерес на граѓаните на Скопје. Свртувајќи го вниманието на неоткриените вредности содржани во големото и речиси потполно запуштено пространство, кое лебди над крововите и панорамата на Скопје, Музејот на современата уметност сака да предупреди на опасностите од кои Калето би можело многу брзо да прерасне во уште една жртва на агресивниот турбо капитализам, но и да трасира идеи и насоки за уредувањето на овој извонредно драгоцен јавен простор во името на општиот интерес на граѓаните на Скопје.“

img_2307-edit

@Андријана Тилич

Овој настан опфати повеќе случувања за време на неговото траење. Како вовед, Зоран Петровски, историчар на уметноста и куратор на настанот се обрати со предавање именувано како „Кале, културна тврдина“ каде го постави тонот на следните предавања и претстави на кој начин може да се „освои“ одново територијата на скопското кале и непосредната околина која го опфаќа и Музејот на Современа Уметност и неговото опкружување.

kale-kulturen-centar-2

@МАРХ_Љубен Трајаноски

Професорот Влатко П. Коробар од Архитектонскиот факултет – Скопје, УКИМ се надоврза со предавањето „Калето – град помеѓу градови“ во кое детално ги анализираше локалитетот Кале и неговиот простор во планската документација на градот Скопје. Како додаток, тој ги разјасни и главните концепти на конкурсните трудови за план на централното подрачје на Скопје, во кои спаѓаа авторски дела на повеќе странски урбанисти.

МСУ Борис Јурмовски за марх 2

@МАРХ_Борис Јурмовски

Аљоша Шопар, архитект и вработен во управата на Град Скопје, во неговото предавање „Локалната самоуправа и просторот на Калето“ многу јасно ги прецизираше сите тековни и идни можности на овој крај од една поразлична, реална перспектива.

img_2308-edit

@Андријана Тилич

Во текот на паузата, посетителите можеа да ги видат и делата останати од големата изложба на американските Поп Арт уметници меѓу кои и авторски дела на култните Енди Ворхол, Рој Лихтенштајн, Џон Чемберлејн и Џејмс Розенквист.

Ана Ивановска Дескова, Архитектонски факултет – Скопје, УКИМ го отпочна вториот блок на предавања со одличната историска анализа на МСУ како еден од симболите на светската солидарност при моментите на голем очај. Во описот за ова предавање е наведено:

„… Позицијата на изолиран објект сместен во поширок зелен простор ги следи/претставува континуитет со постулатите на Модерната од една страна, а од друга отвара простор и упатува конможноста за анимирање на околината во парк на модерната и современа скулптура. Денес, објектот е сеуште доволно флексибилен да вдоми различни поставки, а околината сеуште недоволно артикулирана да одговори на првобитната замисла. Оттука се наметнува потребата од нејзина ревитализација и ставање во функција на музејот, но и на една поширока културна и уметничка целина.“

kale-kulturna-tvrdina-4

@Кристијан Божиновски

„Проектантски стратегии за Калето“ се вика предавањето на Јован Ивановски кое ги претстави истражувањата на студентите на Архитектонскиот факултет – Скопје кои во крајот на вториот циклус на студиите во рамките на својата магистерска задача изработуваат проект на темата „Архитектонско репроектирање на објекти, места и простори“.

kale-kulturna-tvrdina-6

@Кристијан Божиновски

kale-kulturna-tvrdina-10

@Кристијан Божиновски

Во продолжение публиката имаше шанса да го чуе деталното објаснување на неколку од авторите на магистерските трудови кои во вид на сопствено предавање ги разјаснија најважните концептуални точки на своите архитектонски решенија за репроектирање на регионот на скопското Кале.

kale-kulturna-tvrdina-8

@Кристијан Божиновски

Првиот од гостите кои се претставија со свое излагање на овој настан беше Мароје Мрдуљаш, архитект и уредник на реномираниот магазин за архитектура и култура – ОРИС. Тој преку илустрирање на примери од Хрватската домашна архитектонска сцена успеа да долови дел од начинот на кој тие се справуваат со урбаниот развој и ревитализацијата на напуштените објекти назад во центарот на културниот живот.

Завршното предавање припаѓаше на Лучезар Бојаџиев, Софија, Бугарија. Тој е ликовен уметник кој работи со личните толкувања на општествените процеси, со градската визуелност и интервенции во јавниот простор. Тој се поврза со темата на овој настан преку низа на примери како околното население го поврзува просторот со настани кои се одвивале на одредена локација, преку што се формираат места на заедничка меморија. Како пример ги наведе музеите, спомениците, плоштадите, храмовите,места на трагични настани и слични јавни но значајни места.

kale-kulturna-tvrdina-11

@Кристијан Божиновски

Со предавањето на Бојаџиев се заокружи една целина на предавања кои зборуваа на иста тема, но секогаш со различна перспектива. Од минатите урбанистички визии за Скопје, преку вистинските апликации на фрагменти од планираниот град и реализациите на поединечните проекти со помошта на другите земји, па се до денешните предвидувања на смелите студенти за тоа како се може да биде просторот на Калето да биде вмрежен во секојдневието на граѓаните. Гостите ни овозможија да направиме паралела на моменталната состојба на архитектонската сцена надвор и тука, се со цел да можеме да земеме нов став кон урбанизмот и ревитализацијата веќе постоечките објекти кои можеби некогаш ќе бидат повторно, места на заедничка меморија.

kale-kulturna-tvrdina-12

kale-kulturna-tvrdina-3

kale-kulturna-tvrdina-2

kale-kulturna-tvrdina-13

kale-kulturna-tvrdina-14

kale-kulturna-tvrdina-9

@Кристијан Божиновски

Наредниот ден, на 8-ми Октомври беше отворена изложбата именувана како „Скулптурално“. На неа се претставија низа на македонски независни уметници и архитекти со специфична интервенција во просторот.

skulpturalno-4

@МАРХ_Љубен Трајаноски

skulpturalno-5

@МАРХ_Љубен Трајаноски

Описот на изложбата ја објаснува намерата на кураторите:

„… (Скулптурално) опфаќа осум скулпторски и site-specific инсталации во околината на Музејот на современата уметност. Како што упатува насловот, изложбата поаѓа од скулпторскиот медиум и истражувањето на неговите можности за интеракција и за обликување на отворениот јавен простор.

skulpturalno-7

@МАРХ_Љубен Трајаноски

Проектот е во извесна смисла потсетување на успешните и популарни “Интервенции во простор” кои во неколку наврати беа организирани во МСУ во средината на 1980-те години под водство на Симон Шемов и Кочо Фидановски. Целта на “Скулптурално” е да го иницира користењето и во иднина како редовна манифестација или во вид на поединечни проекти музејскиот парк и поширокиот простор на Калето за ефемерни скулпторски, архитектонски или мултимедијални проекти.“

skulpturalno-1

skulpturalno-2

skulpturalno-8

@МАРХ_Љубен Трајаноски

Учесници беа: Игор Тошевски, Јован Шумковски, ОПА, Симон Шемов, Петар Хаџи Бошков, Нада Прља, Даниел Серафимовски и архитектот Дејан Ивановски. Потоа следеше предавање на Лучезар Бојаџиев за уметноста на Кристо и Жан-Клод по повод отварањето на изложбата „Скулптурално“.

 

Материјалот го приложи и обработи: Љубен Трајаноски

Автор на статија: