Кафе бар „Чао” / Иванка Кировска 1991/92
22.04.2015 • Ентериер и мебел
Локација: ГТЦ – СКОПЈЕ
Автор: Иванка Кирковска
Година na проектирање: 1991
Година на изведба: 1992
Проектна организација: Архитектонски факултет-Скопје
Извор: Бимас 1993
„Кафе-барот Чао, се наоѓа во склоп на Градскиот трговски центар во Скопје. Во услови кога во градот е забележлива хиперпродукцијата на локали од малото стопанство, а особено на локали од угостителски карактер, беше тешко да се направи решение кое ќе излегува од рамките на досегашните ентериерни уредувања.
Просторот на локалот е модуларно определен и ограничен, но присуството на галеријата и двовисинскиот простор, кој на тој начин се формира во предниот дел на локалот, прават просторот да изгледа поголем. Појдовната мисла беше да се создаде пријатна атмосвера, која е постигната со употреба на дрво, колорит и мебел.
Концептот на решението се бара врз потребите на овој вид локали и начинот на користење на просторот.
Се на се, пнаправено е пријатно катче во кое можете да се напиете добро капучино, се разбира доколку најдете место”
Автор на статија: marh