Кафе „Љубов” / KLstudio

тип на објект: градско кафуле

тип на интервенција: внатрешна архитектура

автори: KLstudio

година: 2014

контакт: klstudio.mk

„Љубов” e едно од најпопуларните скопски кафулиња, особено интересен за архитектонската фела. Минатата година беше реновирана внатрешната архитектура, според проектот на скопското архитектонско биро- KLstudio. Образложението за интервенцијата ви ја приложуваме во продолжение.

00

Kl studio:Проектната задача беше реновирање на кафе бар и изработка на нов ентериер земајќи предвид дека локалот има постојани гости. Основната идеја од која започнавме беше да се овозможи поголема отвореност на просторот и повеќе дневна светлина – за да се постигне ова беше неопходно да се промени целосно организацијата на просторот, елиминирајќи ги сите непотребни визуелни пречки и агли. Главната интервенција беше промената на локацијата на шанкот и рушењето на малата остава, со што отворивме поглед кон булеварот.

01

Понатаму сакавме визуелно да го зголемиме просторот – ова го постигнавме со обработка на гредите и на позадината на пултот. На гредите поставивме огледала кои го рефлектираат плафонот создавајќи илузија на поголем простор, и воедно ја дематеријализираат гредата која го дели просторот по средина. Позадината на ретро пултот, од друга страна, ја обработивме со бакарен лим кој ја рефлектира светлината во просторот. Светлата се одбрани да ја насочуваат светлината надолу  и се позиционирани над секоја маса за да создадат чуство на интимност. Масите се прилагодливи по висина, што го прави просторот флексибилен и отвара можности за различни сценарија – денско пиење кафе или ноќни забави.

02

 

03

04

 

IMG_5420-copy

Во проектот за терасата се надоврзавме на веќе постојниот дизајн. Промената на начинот на седење во аголот и отстранувањето на надворешната диџеј кабина, ни овозможи поставување на линиско сепаре кое во целост ја промени функционалноста на терасата, и од зафрлен крај ја претвори во атрактивен дел. Урбаната опрема ја изработивме од метал во бела и сива боја, со што внесовме свежина во простор кој веќе беше исполнет со многу дрво.

IMG_5430-copy

IMG_5429-copy

IMG_5444-copy

 

IMG_5466-copy

 

IMG_5527-copy

IMG_5508-copy

 

 

Автор на статија: