Конкурсен труд „Езерце” / BMA 2014
18.06.2015 • XXI век
Автори: Никола Кунгуловски, Арменд Хебипи, Стефан Атанасовски и Бесиан Мехмети
Студио: BMA
Година: 2014
Локација: Градски парк, Скопје
Контакт: besianmehmeti.com
Локацијата за ресторанот претставува една врска помеѓу паркот од јужната страна и спортските-рекреативни содржини на северната страна. тука се отваарат прекрасни погледи кон езерцето, кон мостот, кон паркот, кон стадионот. Позиционираноста во срцевината на паркот и дава до значење на самата локација, а истовремено те ограничува соодветно да се оденсуваш кон неа.
Така и во самиот процес на проектирање на ресторанот се обидовме да ја почитуваме воспоставената природна рамнотежа-хармонија со внесување на објект кој произлегува од природата, формално преку органскиот изглед, конекцијата надвор-внатре, отворено-затворено, со една мисла-втопување на самиот објект со природата. Најзначајно од се е тоа што преку овој проект сакаме на природата да и го вратиме она што и го одземаме ,а тоа го правиме со зеленилото кое го поставуваме на кровната површина.
Исто така овој објект им е достапен за сите без разлика дали се корисници и гости во ресторанот или посетители на паркот. Проодната кровна површина која е достапна преку скалилата од јужната страна е таа која ги обединува сите, место кое што можат да го користи секој. Освен основната функција на објектот како ресторан, тој може да се користи и како отворена сцена-подиум, простор за поставување на отворени изложби и други пропратни намени.
Објектот има две нивоа и тоа подземно ниво кој зафаќа вкупна бруто површина од 120,90 м2 и приземје со вкупна бруто површина од 471,80 м2. Објектот со својата подолжна страна е поставен во правец исток-запад. Главниот влез за гости во ресторанот се наоѓа на источна страна, а дополнителни влезови се поставени и на западна и јужна страна. Економскиот влез се наоѓа на северна страна. До главниот влез поставенена е гардеробата, а во нејзина позадина е сместена канцеларијата за менаџерот на ресторанот и тоалетите за гости. Оваа група на простории го сочинуваат првиот просторен волумен во состав на објектот.
Во продолжение на овај просторен волумен од десната страна се наоѓа економскиот дел во чиј што состав влегуваат тоалетите и гардеробите за вработени, прирачен магацин, лифт платформа и скалишни краци кои се поврзуваат со подрумот, кујна и офис. Ресторанскиот дел е сместен од левата страна од главниот влез и во негов состав се предвидени да се сместат околу 120 гости.
Централно е поставен просторот за музика и просторот за игра. Предвиден е и сепариран простор за гости чија што позиција е флексибилна и е прикажана преку различните шеми на организација на просторот (организациска поставеност на масите и столчињата). Дополнително е овозможено интеграција на внатрешниот ресторански дел со надворешниот преку отварање на мобилната стаклената фасадна обработка на објектот. Ентериерната опрема е дизајнирана се со цел да се создаде вкупен впечаток за објектот како целина.
Во основата на подрумот (подземното ниво) се сместени техничките простории, електро просторијата, остава за опрема од ресторанот и економски дел претставен со магацин и просторија со ладилници кои преку лифт-платформа се поврзуваат со прирачниот магацин во основата на приземје.
Во партерот се предвидуваат платформи кои ќе бидат опремени со урбана опрема која ќе ја користат посетителите на паркот како и столчиња и маси за гостите во ресторанот. Кровната градина со пристапните скали од јужната страна ќе претставува јавна површина наменета за сите корисници.
Од конструктивен аспект објектот е предвиден да се изведе од челична квадратна касетирана мрежа-просторна конструкција (или истиот принцип со користење на дрвени ламелирани елементи). Дополнително за зајакнување на конструктивниот систем ке се користат армирано бетонски носиви ѕидови, а и дел од вертикалните носачи на стаклената фасадна обработка ке имаат и конструктивна улога. Финалните обработки ќе бидат од полимерен материјал или од комбинација со алуминиумски панели.
Во однос на самоодржливоста на објектот преку кровната површина ќе обезбедиме собирање на дождовната вода и нејзино спорведување во состав на објектот нејзино прочистување и користење.
Преку нашето идејно решение сакаме да понудиме современо решение, решение кое од функционален, естетски и облековен аспект ќе ги задоволи потребите и барањата на ова време. Ќе не потсети на минатото и ќе ни врати сеќавања, но истовремено ќе им се даде можност на идните генерации да го поминат истиот пат; секавања и моменти за кои ќе не потсетат во иднината.
Автор на статија: marh