Конкурс за дизајн на дрвена столица / Dik Fagus

Во тек е конкурс за дизајн на дрвена столица на компанијата Дик Фагус Македонија. Повикот е упатен до сите млади креативци и дизајнери со цел поголема промоција и ангажирање на младите архитекти  и дизајнери во полето на мебелот. Најдобрите решенија ќе бидат презентирани пред домашниот и странскиот пазар и за истите се нудат солидни парични награди:

1-во место – 2.000 евра, 2-ро место – 1.000 евра, како и 3-то место – 500 евра.

Сите предлози треба да се испратат преку електронска пошта (konkurs@fagus.mk) најдоцна до 15 јануари 2017 година. За повеќе информации околу конкурсот и производниот процес, контактирајте ја фирмата на електорнската пошта -proizvodstvo@fagus.mk или на контакт телефон 032/391-567.

Општи информации за конкурсот:

 -Цртежите треба да бидат dvg или dvt формат;

-Материјалот од кој се изработуваат столиците е бука;

-Може да биде целосно изработен од дрво или комбинација со тапацир;

-Може да биде изработен од шпер плоча –имаме цел машински парк за обработка на шпер плоча;

-Фабриката располага со комплетна опрема за обработка на дрво: CNC машини, чепалица, профилер, бушалици, брусалица, не располага со свивална;

-Метални конструкции може да се користат, но во корелација со фабриката (металот кој го користиме е од подизведувач);

-треба да бидат наменети за contract market (хотели, ресторани –објекти за широка употреба)

Секој кандидат треба да потпише правен документ за учевство на конкурсот дополнително ќе ви биде испратен во понатамошната фаза на соработка

-секоја столица која ќе биде наградена правото на сопственост преминува на организаторот ДИК ФАГУС , така да учесникот не смее да ја презентира на други конкуретни компании

-наградените исто така освен паричната награда добиваат бесплатна промоција на своите дизајни и своето име надвор од Македонија на пазарите на кои извезува (Англија, Белгија, Франција, Холандија, Германија, Канада, Катар, Дубаи, Бахреин, Австралија, Норвешка, Данска итн.). Авторот ќе биде наведен како автор на дизајнот во сите документи и јавни објавувања.

– организаторот ДИК ФАГУС стекнува право на сите модели кои конкурираат , дури и оние кои не се наградени парично , а за возврат ќе добијат од организаторот бесплатна промоција на нивното име и дизајн надвор од Македонија каде ФАГУС ги извезува своите прозводи

-понудените модели не смеат да бидат претходно употребувани за други цели или копија на веќе постоечки модели

ќе бидат исконтактирани сите учесници, а ќе биде формиран потесен круг на учесници со кој подетално ќе се продолжи да се работи за евентуална можност за пуштање во погон на нивниот дизајн.

Ф.К