Конференција за Архитекти во Скопје

Wienerberger и Tondach организира 1. Конференција за Архитекти во Скопје, 22.06.2017 година. На конференцијата се вклучени интересни гости и предавачи од Хрватска и Македонија, теми ќе бидат трендови во архитектурата, што е тоа енергетска ефикасност, тули во архитектурата, коси наспроти рамни покриви. Ќе имате можност да видите и изложба на архитектонски дела добитници на наградата Brick Award. Конференцијата ќе ја завршиме со свечена вечера.

Распоред на настани:

12:00 – 12:45 – Регистрација на учесниците

12,45 – 13,00 – Обраќање на претседателот на комората проф. д-р Миле Димитровски

13:00 – 13:45 – „Тули во архитектурата“, арх. Андрија Русан, Хрватска

13:45 – 14:00 – Пауза

14:00 – 14:45 – „Трендови во архитектурата“, арх. Мартин Пановски, Македонија

14:45 – 16:00 – Коктел пауза

16:00 – 16:45 – „Енергетска ефикасност“, доц. д-р сц. Бојан Миловановиќ, Хрватска

16,45 – 17,00 – Пауза

17:00 – 17:45 – „Коси наспроти рамни покриви“, проф. д-р Тодорка Самарџиоска, Македонија

18:00 – 18,30 – Отворање на изложба на Brick Award

18:30 – 21:00 – Свечена вечера и дружење

 

арх. Андријан Русан, Хрватска е еден од најзанимливите автори во хрватската архитектура. Проектант, градител, теоретичар, комуникатор и иноватор. Директор е архитектонскиот весник Орис, иницијатор и творец на Денови на Орис на кој секоја година во Загреб за два дена има 4000 посетители. Добитник е на неколку престижни награди, за зградата Lumenart во Пула на натпреварот за Brick Award ’14 во организација  на Wienerberger ја освои наградата  „Wienerberger специјална награда“.

арх. Мартин Пановски, Македонија вработен во студио „Радиус архитекти“  претставник на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Наградуван и признат архитект со големо проектантско искуство на приватни и јавни објекти.

доц. д-р Бојан Милованович, Хрватска. доцент на Градежниот факултет во Загреб. Се бави со истражување во полето на енергетската ефикасност и градежна физика, не деструктивни испитувања на бетонските конструкции со користење на инфрацрвена термографија како и испитување на материјалите во градежништвото. Работи на големи проекти финансирани од Европската Унија.

проф. д-р Тодорка Самарџиоска, Македонија. Редовен професор на Градежниот факултет во Скопје. Докторирала на Универзитетот во Велс, Велика Британија во 2006 год. Автор е на над 100 научни и стручни трудови, објавени во меѓународни и домашни списанија и учесник на меѓународни научни конференции. За нејзината работа, добитник е на повеќе награди и признанија. Нејзина потесна специјалност се механиката, градежните материјали и сите области на градежната физика. На полето на енергетската ефикасност работи од пред повеќе од десет години, откога се стекнала и со меѓународни овластувања за енергетски тренинг и контроли. Претседател е на ИСРМ ТК 8 и потпретседател на одделението за енергетска ефикасност во КОАИ.

Предавањата ќе бидат можност за запознавање со новитетите и трендовите кај енергетски ефикасни градби, најоптимален материјал и систем, иновативни концепти и нови производи.

Придружете ни се на 22.06.2017. од 12 до 21 часот во хотелот Александар Палас во Скопје, Бул. 8-ми Септември бр.15

Предавањето е бесплатно со задолжително пријавување на: zvonko.kostadinov@tondach.com.mk

Автор на статија:

/