Летна школа со Atelier Bow-Wow од Токио во Охрид
07.05.2015 • Информации
Одлична вест за студентите на Факултетот за Архитектура и дизајн при UACS: Третата летна школа која традиционално се случува во Охрид, оваа година ќе биде во соработка со Atelier Bow-Wow од Токио. Покрај менторството на Јошихару Цукамото и Момојо Каијима, специјални гости се и архитектите Винко Пенезич и Крешимир Рогина (Penezic & Rogina arhitekti) од Загреб. Работилницата започнува на 28 јуни и ќе трае до 5 јули 2015 година во Охрид. Услов за учевство на студентите е да имаат завршено 6ти семестар. Своите апликации за да ги испратат најдоцна до 25 мај. Повеќе информации можете да најдете на приложениот постер:
Автор на статија: marh