Македонски вина / Н.Стрезовски, С.Тодоровска, Ј.Константинова, И.Котларовски 2013

Наслов:  Типска продавница за македонски вина / 1  место на конкурсот организиран од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. Македонија

Автори : Никола Стрезовски, Стефанија Тодоровска, Јана Константинова, Игор Котларовски

Година: 2013

1.1 logo

ТЕХНИЧКИ ОПИС

Овој Мастер Проект е насока за уредување на брендираните продавници за

Македонски Вина.

Како појдовна точка во функционалната организација на просторот е самите

полици за производите да не бидат само декорација туку и структура на

ентериерот. За да се постигне тоа, потребна е строга модуларна поделба на истите,

заради нивно составување и разделување. Од нивната големина и меѓусебен

сооднос зависи организирањето на движењето во објектот. За таа цел употребата

на човековата скала, односно антропоморфните мерки единствено можат да го

доловат тој јасен сооднос помеѓу човекот, објектот и изложените производи. Во тој

контекст, како единечна мерка, позајмена од македонското традиционално

градителство е употребата на аршинот во овој проект.

1

Едничните полици, нивното поврзување во модули, соодносот на полното и

празното во објектот, како и димензионирањето на количината на светлина во

објектот е постигнато со едничната мерка “Аршин” која во овој случај најсоодветно

е преведена во метричкиот систем како 75см. Аршинот е погодна мерка бидејќи

може да биде поделен на 24, 12, 8,6,4,3, и 2 дела во зависност од потребата. Овој

систем на проектирање е погоден за уредување на брендирани продавници

бидејќи типското решение лесно ќе може да се примени во различни просторни

ситуации.

raft_Page_3

При конципирањето на продавниците, се внимаваше дизајнот на просторот и

опремата да биде во втор план, а во прв план да се истакнат шишињата со

македонски вина. Она што само по себе го одредува дизајнот на полиците е тоа

што основно правило при проектирање на специјализирани продавници за вино е

шишињата на полиците да бидат во легната или коса положба, а тапата на шишето

задолжително да биде постојано потопена во течноста. Овој систем на полици, е

замислен така, да се пресоздаде чувството кое го имаме кога се движиме низ

полиња со винова лоза, столбовите на кои лозата расте и правците на погледите

што отвараат различни насочени визури.

raft_Page_9

raft_Page_2

raft_Page_7

Материјалот на полиците е дрвена граѓа од квалитетно чамово дрво, во кое

количеството на чворови треба биде сведено на минимум. Изборот на овој материјал е

од две причини: полиците ќе бидат поевтини доколку би се изработувале од други

материјали (оплеменета иверка или фурниран медијапан), природното дрво ќе делува

искрено и сериозно при допир, а мирисот на овој материјал ќе им даде уникатно

чувство на сите продавници што ќе биде уште еден фактор на идентификување на

продавниците. Структурата на полиците ќе делува, исто така, да се елиминира

непријатното ехо во продавницата, што дополнително ќе влијае просторот да не

создава непријатно чувство.

raft_Page_4

На квадратните истакнати елементи од полиците постои можност да се поставуваат

ознаки на различните винарии, чии вина стојат во полицата и на тој начин, преку

логоата на винариите, полицата може да се претвори во ќилим од симболи и знаци.

Во горната зона, над полиците се предвидени огледала кои ќе создадат илузија како

просторот да протекува и позади полиците. Со тоа, на посетителите ќе им се создаде

чувство како да се во голема винарска визба, а не во затворен простор.

Ѕидовите, пиластрите и столбовите, предвидено е да се обложат со полна тула

(најдобро рециклирана, извадена од постар објект), што дополнително ќе внесетоплина на просторот.

3

Постоечкиот под во

На плафонот да се постави растер од дрвени греди, изработени како кутии од чамово

дрво кои ќе создадат илузија на дрвена таваница.

Осветлувањето е предвидено да биде едноставно решено, со топчести штедливи

светилки поставени на фасонка и обесени на плафонот. Тоа што светилките ќе висат и

нивното наизменично поставување, од засебни елементи, ќе се претвори во поле и ќе

создаде ефект на ѕвездено небо и истовремено ќе даде добро осветлување на

просториите.

Автор на статија: