„Македонски стандарди“ 2

Пред извесно време , беа поставени „ партерни водачи“ , потребни за безбедно движење на лицата со оштетен вид. Како интервенција навистина сме последни во Европа што воведува нешто, што би требало одамна да биде стандард. Тие  треба да  се дел од барањата што треба да содржи една тротоарска површина.

 

20151227_135642Истите беа поставени низ дел од центарот на градот, на еден несмасен и неразбирлив начин, како од технички аспект така и од аспект на трасирање. Штрафени директно во павер елементите, со очигледно скромно употребени средства. Урбаните елементи кои се навистина скапи и ефективни за неполн месец по поставувањето почнаа да се изместуваат  и оштетуваат. По неколку месеци тие станаа „урбана археологија“.

20151227_135722Дали овој град поседува урбана патрола, која ја проверува урбаната опрема во градот, ја одбележува и запишува нејзината тековна состојба?

Дали фирмите кои се ангажираат,  даваат гаранција за својата работа и знаат да си ги санираат лошите реализации?

Зошто градот кога изведува проект не набавува + одреден процент од количина од употребените елементи, како би поседувал за тековно одржување и заменување на делови од урбаната опрема?

И многу други прашања кои ќе останат реторички кажани и неодговорени…

20151227_135634

20151227_135657Ф.К

 

Автор на статија: