МОНТАЖНА МОБИЛНА ГАЛЕРИЈА [ВС] / АРХИТЕКТРИ 2014 год.

Проект/ Архитектура
Локација/ Скопје
Површина/ 45 m2
Година/ 2014
Статус/ Изведен
Клиент/ ЦАЦ Скопје
Соработници/ Филип Јовановски , Георги Јовановски , Димитра Јовановска

Ова не е текст за „изложба“. Ова е текст кој објаснува еден процес на размислување при создавање на едно архитектонско, уметничко дело.

Впрочем, и не постои за мене лично, остра граница помеѓу архитектурата и уметноста. Тоа се две дисциплини кои постојано се испреплетуваат.

Како да се промислува архитектура? Како да создадеш просторна атмосфера која ќе направи да се чувствуваш возбудено без разлика дали си изложувач или посетител?!

Да нацрташ галерија, која патем е патувачка, претставува комплексна задача! Како да нацрташ повеќеслоен простор, кој на еден корисник ќе му овозможи просторно доживување кое ќе го памети?!

 

Cac Glaery Skopje

 

Галеријата има неколку аспекти кои треба да се споменат, иако тие се лесно воочливи. Подигната е на вкупно 48 тенки, скоро невидливи челични столбови кои не само што овозможуваат да лебди, туку имам чувство, кога ја набљудуваш, очекуваш во секој момент да се помести сама од себе. Нели, мобилна е! Тоа што е подигната на некој начин покажува и еден елементарен однос кон природата, која патем архитектурата во нашето општество кое е во фаза на „издишување“ воопшто не ја третира. Во нашиот град природата постојано е во спрега со некакво бекатонско импералистичко освојување.

 

CAC Galery Skopje

Во меѓупросторот од подот на галеријата и земјиното тло постои безброен вегетативен и инсектен свет кој, нели, нелогично е да биде уништен. Втор важен аспект на просторот е пропорцијата на волумен, тој е човекомерен, просторен волумен кој има можности за изложување на сите површини во внатрешноста. Неговата транспарентност не дозволува директен рез помеѓу објектот и природата, оттука обидот е да се претопи во контекстот во кој ќе биде поставен, односно отсуството на „граница“ помеѓу природата и архитектурата е обид да се сведе на минимум. Објектот исто така е расклопив, што овозможува негова поширока употреба. Се прашувам дали внатре може да се одигра една аматерска театарска претстава? Внатрешноста на волуменот го дефинира една визуелно отворена покривна површина која на некој начин го поврзува објектот вертикално со природата.

 

9

Во рамките на внатрешноста постои уште еден волумен кој со помош на аксијален лагер кој е поставен на самите панели за изложување има можност за придвижување во две оски. Останатиот дел, делот помеѓу внатрешниот волумен и обвивката на самата галерија лесно може да се доживее.

Конструкцијата на објектот секогаш ја дефинира основната архитектонска концепција. Во случај кога статичарот е присутен од самиот почеток на проектот, во исто време ја разбира и архитектурата суштински, што е редок случај во нашето опкружување, лесно создаваш структура која е дел од една архитектонска целина. Благодарност до Никола Писраев и Анита Ивковиќ за целосната доверба.

Ситуација:

12

Основа со конструктивни модули:

13

Основа на предложено сценарио 1:

14

Основа на предложено сценарио 2:

15

Изглед/лице:

16

Пресек 1:

17

Изглед /страна:

18

Пресек 2:

19

3D модел:

sas4

sas3

sas-685x320

 

 

 

 

 

 

Автор на статија: