Најавен скопскиот саем за мебел 2016

 

Извор: ERA Skopski Saem

42. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел

Меѓународниот саем „МЕБЕЛ“, кој во 2016 година го одбележува своето 42 годишно постоење е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пшироко. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на „МЕБЕЛ“, а учество земаат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи.

Меѓународниот саем„МЕБЕЛ“, стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот.

„МЕБЕЛ“ како една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.

Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

Времетраење:22.03.2016 – 27.03.2016

Автор на статија: