„Нова“ зграда на Архитектонски факултет / Повеќе автори

Автори: Љубомир Томиќ, Драган Пљаковски, Владимир Бошковски, Тихомир Стојков, Тамара Теофилова

Година на проектирање: 1982

Инвеститор: У.Ц.М.Т.Н. Архитектонски факултет – Скопје

Извор: Бимас ’83

На почетокот на 80тите години на XX век, се организирал интерен архитектонски конкурс за нов објект на Архитектонскиот факултет, на кој учествувал наставниот кадар.

Во брошурата на Бимас ’83, наидовме на победничкото решение на овој конкурс.  Колку била сериозна намерата за изградба на нов објект за факултетот, дали се изработил основен проект и други детали не поседуваме, но доколку некој има информации упатуваме покана да ги сподели со нам.

Ф.К