Образци на раст_Резидуална форма_OБЛАК | В.Фејза, Б.Догазанска, С.Аврамоска, И.Дамјаноска
09.02.2017 • Студентски проекти
ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО
Автори: Валбона Фејза, Бранкица Догазанска, Сања Аврамоска, Ирена Дамјаноска
Проект : Облак
Педагошки тим: доц. д-р Слободан Велевски / доц. д-р Марија Мано Велевска / доц. д-р Огнен Марина
Локација: Скопје
Година: 2017
Локацијата на која е сместена новата мегаструктура се наоѓа на Јужен Булевар, на излезот од градот Скопје кон Драчево и се наоѓа во средина во која се среќаваат разни форми и типологии на град со патна и железничка сообраќајна инфраструктура, домување во индивидуални куќи и двокуќи, станбени згради и блокови, како и индустриски објекти и комплекси. Недоволно урбанизираната средина, со зеленило и слободни површини, која претставува зона, непосакувана и незаживеана поради многуте индустриски комплекси и небезбедното опкружување на железничката пруга, стана точка на интерес за нас. Како да градиме град, форма, која ќе ги смени навиките и погледите на луѓето? Поставување на порта, влез во град, отворен за нови идеи и навики на жителите.
Графички прилог | Приземје
Графички прилог | Kaрактеристичен кат
Графички прилог | Петта фасада
Графички прилог | Пресек_Изглед
Концептот на проектот ја рефлектира техниката на градоградење во таква зона, со загадена почва и мешан карактер на околината. Со поставување на решетка издигната од земјата, која ги вдомува специфичните програми нудејќи уживање, релаксација, рекреација, култура, како и домување со пропратни содржини. Булеварот поминува под објектот кој за момент претставува порта, влез во град, со специфични особини. Погледот од долу буди љубопитност и стремеж за осознавање на случувањата и настаните. Поглед кон многубројни водени површини, човечки тела. Под објектот, вештачко брдо, формирано од загадена почва од околните фабрики, а на него, засадени дрвја, со цел- прочистување. Допирот со околното градско ткаење е преку екстензии, мостови, кои од другата страна на железничката пруга, преку неа, се вкопуваат во брдото, од каде е обезбеден пристап до објектот. Специфичен момент во проектот, претставува амфитеатарот, делумно вкопан во брдото, а пристапот во него е од под земја и преку мостовите – екстензии. Во мегаструктурата е вклучено и домувањето во кула и голем масивен блок- музеј/галерија кој стои како билборд до булеварот кој навестува нов влез/ почеток на град.
Графички прилог | Кајакарство
Графички прилог | Лебдечки стадион
Графички прилог | Амфитеатар
Графички прилог | Аквапарк
Материјалот го приложи и обработи: Крстевска Моника
Автор на статија: Моника Крстевска
Б.Догазанска / В.Фејза / И.Дамјаноска / интегративно студио / образци на раст / резидуална форма / С.Аврамовска / Студентски проект