Објектот на аголот на ул.„ Македонија”, спроти „Рекорд”
04.09.2015 • Фотографија ХХ век / II половина

Автор на фотографии: Борис Јурмовски
Скопје губи уште една фасада на станбен објект од обновата на градот после втората светска војна. Деградирањето на овој објект започна со надградбата која е во несоодветен архитектонски јазик, а во периодов се поставува скеле за нејзино рефасадирање. Објектите во тоа време често се фасадирале со мозаична глазирана керамика, а тоа претставува еден вид одбележје за скопската постмодерна станбена архитектура во центарот на градот. Со сличен начин се обложени фасадите на градски ѕид, дел од кулите, и објектите во соседството . Поради негрижа и изминат половина век почнаа да се распаѓаат. Со идентичниот избор на мозаичната слика беше фасадирана и кулата спроти некогашниот ресторан за брза храна McDonald’s.

Автор на статија: marh