Објект „Сквер” на плоштад во Скопје
08.02.2015 • Урбана опрема

тип: Угостителски објект
локација: „Плоштад Македонија”
автори: Билјана Богоевска, Тошо Даневски, Весна Огненовска
година на проектирање: 1989
година на изведба: 1989
изведувач: „Бујото” Скопје
инвеститор: „ Македонија-турист”
Објектот „Сквер” бил лоциран на местото на летната тераса на денешната кафетерија „Лондон” ( тогашна „Градска кафеана”) , на плоштад „Македонија” во Скопје ( тогашен „Маршал Тито”). Содржел: триаголен шанк со разладни уреди обложен со ростфај и метална покривна конструкција. Преку конструктивното решение на покривната конструкција со капаци воедно е решено и затворањето на шанкот преку ноќ. Целиот простор е издвоен и визуелно збогатен со метални жардињери со светлечки тела кои воедно го насочуваат движењето во просторот. Капацитетот е 16 маци со 64 места
извор:

Автор на статија: marh