Основно училиште Капиштец / BMA architects 2013 год.
28.01.2015 • XXI век
Локација: Скопје
Површина: 9,535 м2
Година: 2013
Автори: Стефан Атанасоски, Никола Кунгуловски, Арменд Хебипи, Бесиан Мехмети
Клиент: Општина Центар
Kонтакт: besianmehmeti.com
кус осврт кон проектот – ленти
Затекнатата конфигурација и поставеност на различни физички структури во и околу самата парцела, нивната пропустливост, ослободеност, независност која создава еден исклучителен квалитет – зелена маса, не поттикна истото да го преточиме во самиот процесот на проектирање на училиштето. Создавање на една функционална, утилитарна и пријатна средина интегративно и со воспитно образовен процес, преку формални и неформални, интерактивни, отворени системи на учење, настава во природно опкружување со единствена цел отварање на нови перспективни за најмалите. Поставеноста на објектот е во правец исток –запад и со својот габарит ја следи дефинираната градежна линија но со некои отстапки, се со цел добивање на квалитети од функционален и естетски аспект.
Зададениот габарит е подреден на три основни ленти – тракти од кои средишниот е за заеднички активности додека бочните се за учење. Со поместување и отварање на трактовите, се отвараат визури, се дефинира влезот, се вметнува природата внатре, се создаваат нови простори за игра.
Преку овој проект и со самиот проектантски пристап – организацијата на поедините простори, интеграцијата со природата, созадавање на едукативни тематски катчиња, простор за социјализација; игра и одмор – дадеме еден придонес кон подигнување, унапредување на воспитно образовниот процес, создавање на идни генерации во рамки кои ги овозможува нашиот домен – архитектурата.
Проектот на тимот, на BMA architects, беше првонаграден на конкурсот организиран од општина Центар.
За вистински заинтересираните, го приложуваме и конкурсното текстуално образложение за новопроектираното училиште:
НОВО ОСНОВНО
УЧИЛИШТЕ КАПИШТЕЦ
ЗАТЕКНАТАТА КОНФИГУРАЦИЈА И ПОСТАВЕНОСТ НА РАЗЛИЧНИ ФИЗИЧКИ СТРУКТУРИ ВО И ОКОЛУ САМАТА ПАРЦЕЛА, НИВНАТА ПРОПУСТЛИВОСТ, ОСЛОБОДЕНОСТ, НЕЗАВИСНОСТ КОЈА СОЗДАВА ЕДЕН ИСКЛУЧИТЕЛЕН КВАЛИТЕТ – ЗЕЛЕНА МАСА, НЕ ПОТТИКНА ДА ГО ПРЕТОЧИМЕ ВО САМИОТ ПРОЦЕСОТ НА ПРОЕКТИРАЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО, СОЗДАВАЊЕ НА ЕДНА ФУНКЦИОНАЛНА, УТИЛИТАРНА И ПРИЈАТНА СРЕДИНА ИНТЕГРАТИВНО И СО ВОСПИТНО ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС, ПРЕКУ ФОРМАЛНИ И НЕФОРМАЛНИ, ИНТЕРАКТИВНИ, ОТВОРЕНИ СИСТЕМИ НА УЧЕЊЕ, НАСТАВА ВО ПРИРОДНО ОПКРУЖУВАЊЕ СО ЕДЕН ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ СОЗДАВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНА МЛАДИНА.
ПОСТАВЕНОСТА НА ОБЈЕКТОТ Е ВО ПРАВЕЦ ИСТОК –ЗАПАД И СО СВОЈОТ ГАБАРИТ ЈА СЛЕДИ ДЕФИНИРАНАТА ГРАДЕЖНА ЛИНИЈА НО СО НЕКОИ ОТСТАПКИ, СЕ СО ЦЕЛ ДОБИВАЊЕ НА КВАЛИТЕТИ ОД ФУНКЦИОНАЛЕН И ЕСТЕТСКИ АСПЕКТ. ОД ФОРМАЛЕН АСПЕКТ СЕ СОСТОИ ОД ТРИ ТРАКТА ЕДЕН ОД ДРУГ ПОМЕСТЕНИ, НО МЕЃУСЕБНО ПОВРЗАНИ.
ПРИСТАПОТ ДО ОБЈЕКТОТ Е ОВОЗМОЖЕНА ПРЕКУ УЛИЦИТЕ ВАСИЛ ЃОРГОВ И АДАМ МИЦКИЕВИЌ. КОЛСКИОТ ПРИСТАП Е ОД СЕВЕРНА СТРАНА ОД УЛИЦАТА ВАСИЛ ЃОРГОВ ПРЕКУ КОЈ СЕ ПРИСТАПУВА ДО ВЛЕЗНО ИЗЛЕЗНАТА РАМПА ЗА ПОДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ (79 ВОЗИЛА), НАДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ (16 ВОЗИЛА) И ДЕЛОТ ЗА БЕЗБЕДНО ДОВЕЗУВАЕЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД СТРАНА НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ СО ВОЗИЛО. ПЕШАЧКИОТ ПРИСТАП Е ОВОЗМОЖЕН ПРЕКУ ДВЕТЕ УЛИЦИ СО ПОСТАВЕНА СООДВЕТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА НИВНО БЕЗБЕДНО ПРЕМИНУВАЊЕ. ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ НА УЧИЛИШТЕТО СЕ НАОЃА ОД ИСТОЧНА СТРАНА НАГЛАСЕН СО САМИОТ ГАБАРИТ НА ОБЈЕКТОТ И ФАСАДНАТА ОБРАБОТКА КАКО И СО ПАТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА СООДВЕТНА ЗА ГРУПАТА КОРИСНИЦИ – УЧЕНИЦИТЕ. ИСПРОЕКТИРАНИ СЕ И ДВА ПОМОШНИ ВЛЕЗА ОД СЕВЕРНА СТРАНА КОН НАДЗЕМНИОТ ПАРКИНГ ПРОСТОР И ОД ЈУЖНА СТРАНА КОН ДЕЛОТ СО СПОРТСКИ ИГРАЛИШТА. ПОСТОЈАТ И УШТЕ ДВА НЕЗАВИСНИ ВЛЕЗОВИ ОД ЗАПАДНА СТРАНА ЗА ПРИСТАП ДО СПОРТСКАТА САЛА КАКО И ЕКОНОМСКИОТ ВЛЕЗ.
УЧИЛИШТЕТО ИМА ЕДНО ПОДЗЕМНО НИВО И ТРИ НАДЗЕМНИ КАТА СЕКОЈ СО СВОЈА ФУНКЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОСТОР. ВО ПОДЗЕМНОТО НИВО Е СМЕСТЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ЗА 79 ВОЗИЛА ОД КОИ 2 СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ, ТЕХНИЧКИ ПРОСТОРИИ ( ТОПЛОТНА ПООДСТАНИЦА, ЕЛЕКТРО ПРОСТОРИЈА), ОСТАВИ, ГЛАВНИТЕ ХОРИЗОНТАЛНИ И ВЕРТИКАЛНИ КОМУНИКАЦИИ КОИ ОВОЗМОЖУВААТ ВРСКА СО НАДЗЕМНИТЕ КАТОВИ (ВО ПРИЛОЗИТЕ Е ПРИКАЖАН И НАЧИН НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОДЗЕМНОТО НИВО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ПАРКИНГ ПРОСТОР ЗА 250 ВОЗИЛА). ПРИЗЕМЈЕТО Е НА КОТА НА ТЕРЕН СЕ СО ЦЕЛ ПОДОБРА ВРСКА СО ПРИРОДАТА, ОКОЛИНАТА, СОЗДАВАЊЕ НА УЧИЛНИЦИ НА ОТВОРЕНО, ПОДОБРА ПРИСТАПНОСТ ВО И ОД ОБЈЕКТОТ, А СО САМОТО ТОА ДА ПРЕДСТАВУВА И УЧИЛИШТЕ БЕЗ БАРИЕРИ, КОЈ ВО РАМКИ НА ОБЈЕКТОТ Е ОВОЗМОЖЕНО СО КОРИСТЕЊЕ НА ЛИФТ. КАЈ ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ Е ОБЕЗБЕДЕН ПРОСТОР ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ КАКО И ДЕЛОТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОБЈЕКТОТ СО ВИДЕО НАДЗОР. СО САМОТО ВЛЕГУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕТО НИ СЕ ОТВАРА ПОГЛЕД КОН АУЛА СО СВОЈАТА МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА НАМЕНА (ПРОСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА РАЗНИ СВЕЧЕНОСТИ, КОНЦЕРТИ, ПРОСЛАВИ, КАКО И ДЕЛ ЗА ИЗЛОЖБИ И ОТВОРЕНА БИБЛИОТЕКА). ТУКА СЕ ПОЗИЦИОНИРАНИ И ГЛАВНИТЕ ВЕРТИКАЛНИ КОМУНИКАЦИИ. ЦЕЛИОТ ОВОЈ ПРОСТОР Е И ЗЕНИТАЛНО ОСВЕТЛЕН, СО ШТО МУ СЕ ДАВА ДОПОЛНИТЕЛНА ВАЖНОСТ. ПРАВО СЕ ОТВАРА И ПОГЛЕД КОН ОТВОРЕНИОТ АТРИУМ И СПОРТСКАТА САЛА. ОВИЕ ЦЕЛИНИ ГО ДЕФИНИРААТ ЦЕНТРАЛНИОТ ТРАКТ. ВО ЛЕВИОТ ТРАКТ СЕ СМЕСТЕНИ УЧИЛНИЦИТЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 6 ДО 8 ГОДИНИ ВО ЧИЈ СОСТАВ СЕ ПРЕДВИДЕНИ И КЛАСНИ ТОАЛЕТИ. СЕКОЈА УЧИЛНИЦА ИМА И СВОЈ ДВОР НА ОТВОРЕНО КАЈ ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА НАСТАВА ВО ПРИРОДА. НИВНАТА ДИСПОЗИЦИЈА ОВОЗМОЖУВА СООДВЕТНО ВНЕСУВАЊЕ НА ДНЕВНА СВЕТЛИНА И СООДВЕТНА ИНСУЛАЦИЈА. ПРЕД СЕКОЈА УЧИЛНИЦА ПРЕДВИДЕНО Е РАЗЛИЧНО ТЕМАТСКО ЕДУКАТИВНО КАТЧЕ КОЕ УЧЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО КОРИСТАТ ЗА ВРЕМЕ НА ОДМОРИТЕ, ВО ДЕСНИОТ ТРАКТ ВО ПРИЗЕМЈЕТО СМЕСТЕНИ СЕ ПРОСТОРИЈАТА ЗА ТЕХНИЧКИ ПЕРСОНАЛ СО СОПСТВЕНИ ТОАЛЕТИ, ТУШЕВИ И ГАРДЕРОБИ, ВЛЕЗОТ И ВЕРТИКАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА (НАСТАВНИОТ КАДАР), КАБИНЕТИТЕ ЗА ЛИКОВНО И МУЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ КОИ РАСПОЛАГААТ СО ДВЕ ПРОСТОРИИ, ДЕЛ ЗА ПРАКТИКА И ВЕЖБИ И ДЕЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ПРЕДАВАЊАТА КОЈА МОЖЕ ИСТОВРЕМЕНО ДА СЕ КОРИСТИ И КАБИНЕТ ЗА ПРЕДМЕТНИОТ НАСТАВНИК. КАБИНЕТОТ ЗА МУЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ Е ВО ДИРЕКТНА ВРСКА СО АУЛАТА СЕ СО ЦЕЛ ПОЛЕСНО ВРСКА И ТРАНСПОРТ НА ИНСТРУМЕНТИ ДО НЕА. КАБИНЕТОТ ЗА ЛИКОВНО ВОСПИТУВАЊЕ Е ПОВРЗАН СО ОТВОРЕНИОТ АТРИУМ И МОЖНОСТ ЗА НЕГОВО КОРИСТЕЊЕ ВО НАСТАВАТА. ДВАТА КАБИНЕТИ ИМААТ И СВОИ УЧИЛНИ НА ОТВОРЕНО. И КАЈ ОВИЕ КАБИНЕТИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ЕДУКАТИВНИ КАТЧИЊА ТЕМАТСКИ СООДВЕТНИ НА ПРЕДМЕТОТ (КАБИНЕТОТ) КАДЕ ШТО СЕ ПОСТАВЕНИ ВО КОНТИНУИТЕТ СЕ СМЕСТЕНИ ПРОПРАТНИТЕ ПРОСТОРИИ ВО СЛУЖБА НА СПОРТСКАТА САЛА И МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА ПРОСТОРИЈА (ГИМНАСТИЧКА САЛА) КАКО И ЕКОНОМСКИОТ ВЛЕЗ И ВЛЕЗОТ ЗА СПОРТСКАТА САЛА. ВО ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ ОД ОВОЈ ТРАКТ СМЕСТЕНИ СЕ И ПОМОШНИ ВЕРТИКАЛНИ КОМИУНИКАЦИИ-СКАЛИ.
НА КОТА ОД 3.80 МЕТРИ Е ПРВИОТ КАТ ВО ЧИЈ СОСТАВ СЕ СМЕСТЕНИ СЕДУМ КЛАСИЧНИ УЧИЛНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД 9 ДО 14 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОСТАВЕНИ ОД ЈУЖНА СТРАНА (ЛЕВИОТ ТРАКТ). ВО СОСТАВ НА ХОРИСЗОНТАЛНИТЕ КОМУНИКАЦИИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ СЕ И ВЕЌЕ СПОМЕНАТИТЕ ТЕМАТСКИТЕ ЕДУКАТИВНИ КАТЧИЊА.ЦЕНТРАЛНО СЕМЕСТЕНИ СЕ ГЛАВНАТА КАНЦЕЛАРИЈА И ПРОСТОРИЈА ЗА СОСТАНОЦИ ЗА НАСТАВНИОТ КАДАР И ПРОСТОРИИТЕ ЗА ОСТАНАТИОТ АДМИНИСТРАТИВЕН ПЕРСОНАЛ. ПОЗИЦИЈАТА НА НАСТАВНИЧКАТА КАНЦЕЛАРИЈА ОВОЗМОЖУВА ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА-ВИЗУЕЛНО КОН АУЛАТА И КОН ДВАТА БОЧНИ ТРАКТА КАДЕ ШТО СЕ СМЕСТЕНИ ГЛАВНИТЕ КОМУНИКАЦИИ И ДЕЛОТ СО ТЕМАТСКИТЕ ЕДУКАТИВНИ КАТЧИЊА КОИ НАЈМНОГУ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ТЕКОТ НА ОДМОРИТЕ. ВО ДЕСНИОТ ТРАКТ СМЕСТЕНА Е КУЈНАТА И ТРПЕЗАРИЈАТА КОЈА МОЖЕ ДА Е ОТВОРЕНА ИЛИ ЗАТВОРЕНА КОН ГЛАВНИТЕ ХОРИЗОНТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ. ВО КОНТИНУИТЕТ НА ТРПЕЗАРИЈАТА Е СМЕСТЕНА БИБЛИОТЕКАТА КОЈА СЕ ПОВРЗУВА СО ГЛАВНИТЕ КОМУНИКАЦИИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА. ТРПЕЗАРИЈАТА ИСТОВРЕМЕНО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ И КАКО ЧИТАЛНА ЗА САМАТА БИБЛИОТЕКА КОГА НЕМА ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ЈАДЕЊЕ. ВО ДВАТА ТРАКТА ВО ДЕЛОТ НА ГЛАВИНИТЕ ХОРИЗОНТАЛНИ КОМУНИКАЦИИ ПРЕДВИДЕНИ СЕ И ТОАЛЕТИ. ДОПОЛНИТЕЛНО НА ОВА НИВО НИ СЕ ЈАВУВА И ХОРИЗОНТАЛНА КОМУНИКАЦИЈА КОЈА ГИ ОДВОЈУВА ОТВОРЕНИОТ АТРИУМ И СПОРТСКАТА САЛА,А СО ТОА НИ СЕ ОТВАРАТ ОДЛИЧНИ ВИЗУРИ КОН ДВЕТЕ ЦЕЛИНИ.
НА ВТОРИОТ КАТ ( 7.60 МЕТРИ) СМЕСТЕНИ СЕ УШТЕ 6 КЛАСИЧНИ УЧИЛНИЦИ И КАБИНЕТИТЕ ЗА ОСТАНАТИТЕ ПРЕДМЕТИ (ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, БИОЛОГИЈА, ХЕМИЈА, ФИЗИКА И ФОТОГРАФИЈА). ЦЕНТРАЛНО ПОЗИЦИОНИРАН Е КАБИНЕТОТ ЗА ИНФОРМАТИКА КОЈ ИСТОВРЕМЕНО МОЖЕ ДА СЕ ИСКОРИСТИ И КАКО МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ЦЕНТАР. СИТЕ КАБИНЕТИ РАСПОЛАГАТА СО ДВЕ ПРОСТОРИИ СО СООДЕВЕТНИ ПОВРШИНИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МОЖАТ ДА СЕ КОРИСТАТ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ТИПОТ, ВИДОТ НА НАСТАВА. СЕКОЈ КАБИНЕТ ВО ПРЕДПРОСТОРОТ РАСПОЛАГА СО СВОЕ ТЕМАТСКО КАТЧЕ СООДВЕТНО НА НАСТАВНАТА ПРОГРАМА КОЈА СЕ ИЗВЕДУВА ПО ТОЈ ПРЕДМЕТ. НА ОВА НИВО СЕ ОТВАРА И ЕДНА ГОЛЕМА РАМНА ТЕРАСА – КРОВНА ГРАДИНА (ВРЗ КРОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА ОД СПОРТСКАТА САЛА) КОЈА МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ И ВО ДЕЛОТ ОД ПРАКТИЧНАТА НАСТАВА ПО ПРЕДМЕТОТ БИОЛОГИЈА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ НА РАЗНИ ВИДОВИ РАСТЕНИЈА, ПА ЗАТОА И САМИОТ КАБИНЕТ Е ПОСТАВЕН ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА НЕА.
КОНСТРУКТИВНО ОБЈЕКТОТ Е ПРЕДВИДЕН ДА СЕ ИЗРАБОТИ ОД АРМИРАНО БЕТОНСКА КОНСТРУКЦИЈА. ФАСАДНАТА ОБРАБОТКА Е ОД ДРВЕНИ ПАНЕЛИ ПОСТАВЕНА НА СООДВЕТНА ПОТКОНСТРУКЦИЈА, МЕТАЛНИ ПРОФИЛИ И ПАНЕЛИ И СТАКЛЕНА СТРУКТУРАЛНА ФАСАДА. ПОДОВИТЕ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ДА СЕ ИЗВЕДАТ ОД ЛИНОЛЕУМ КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОЛОРИСТИЧКИ РАЗЛИЧНО ТРЕТИРАН. ЕНТЕРИЕРНАТА ОПРЕМА ТРЕБА ДА БИДЕ СООДВЕТНА НА ПОТРЕБИТЕ И ВОЗРАСТА НА КОРИСНИЦИТЕ, БЕЗБЕДНА ЗА КОРИСТЕЊЕ, МАТЕРИЈАЛНО И КОЛОРИСТИЧКИ ТРЕТИРАНА.
ПРЕКУ ОВОЈ КОНКУРСЕН ПРОЕКТ И СО САМИОТ ПРОЕКТАНТСКИ ПРИСТАП, ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ПОЕДИНИТЕ ПРОСТОРИ, ИНТЕГРАЦИЈАТА СО ПРИРОДАТА, СОЗАДАВАЊЕ НА ЕДУКАТИВНИ ТЕМАТСКИ КАТЧИЊА, ПРОСТОР ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА – ИГРА И ОДМОР ДА ДАДЕМЕ ЕДЕН ПРИДОНЕС КОН ПОДИГНУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС, СОЗДАВАЊЕ НА ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ ВО РАМКИ КОИ ГИ ОВОЗМОЖУВА НАШИОТ ДОМЕН – АРХИТЕКТУРАТА.
Автор на статија: marh